Чоколадна торта која се топи во уста 1

Чоколадна торта која се топи во уста

Скоро и да не постои човек кој не обожава чоколадна торта. Во комбинација со замрзнато бобинкасто овошје, таа е просто неодолив десерт кој никој не може да го одбие. Ние имаме рецепт за баш ваква чоколадна торта која се топи во уста.

Инспирирани од престојните празници во потрага сме по лесни, а превкусни десерти кои ќе ја красат новогодишната трпеза. Овој рецепт е еден од тие, бидејќи е навистина лесен за подготовка и не бара некои посебни кулинарски способности. Со својата кремаста структура потсетува на пудинг, додека овошјето му дава свежа нота, па е навистина лесен десесрт, иако изобилува со чоколадо.

Чоколадна торта која се топи во уста 2

Состојки:

За пандишпан:

  • 150 грама темно чоколадо со висок процент на какао
  • 100 грама путер
  • 100 мл неутрална павлака
  • 1 лажица какао
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер

За фил:

  • 100 мл неутрална павлака
  • 100 грама млечно чоколадо
  • 50 грама темно чоколадо
  • замрзнато бобинкасто овошје по желба.

Подготовка:

  1. Прво започнете со подготовка на пандишпанот. Искршете го темного чоколадо на коцки и заедно со путерот растопете го на пареа, така што ќе ставите сад со вода да врие под садот со чоколадо.
  2. Откако чоколадото и путерот целосно ќе се растопат и соединат, тргнете ги на страна и додадете им ја неутралната павлака.
  3. Одделете ги белките од жолчките.
  4. Со постепено мешање, во смесата со чоколадо додавајте ги жолчките една по една.
  5. На крај додате и една лажица какао и добро промешајте.
  6. На белките додадете им прстофат сол и матете ги со миксер додека не добиете цврста пена. Додека ги матите белките постепено додавајте им го шеќерот.
  7. Од густата пена која ја добивте од белките, со лажица постепено додавајте во чоколадната смеса и внимателно мешајте со шпатула, додека добиете хомогена смеса.
  8. Калапот за печење (со големина од 18-20 см или тава бр. 24) обложете го со мрсна хартија, а страните премачкајте ги со путер.
  9. Чоколадната смеса турете ја во припремениот калап и ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 160 степени, за време од околу 30 минути. Тортата ставете ја на решетката од рерната, а на дното ставете уште еден сад полн со вода, со цел тортата да се подготвува на пареа и да добие структура на пудинг.
  10. Откако тортата малку ќе се излади извадете ја од калапот.
  11. Подгответе го филот. Неутралната павлака турете ја во тенџере и загрејте ја, но не треба да врие.
  12. Двете врсти на чоколадо искршете ги на коцки и додадете ги во загреаната павлака. Почекајте 2 минути и добро измешајте со цел растопеното чоколадо во потполност да се соедини со павлаката и да добиете мазна, чоколадна глазура.
  13. Вака подготвената глазура оставете ја да се излади околу 15 минути, па со неа прелијте ја тортата.
  14. Чоколадната торта по ваша желба украсете ја со некое замрзнато јагодесто овошје како малини, јагоди, капини или боровинки.
  15. Тортата кратко изладете ја во фрижидер и можете да уживате во нејзиниот совршен чоколаден вкус. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате:  8 избор рецепти за чоколадна торта.

Сподели: