слабеење совети

10 здрави и лесни совети за слабеење

Како што се приближува летото, сите сакаме да постигне топ форма и идеален изглед на нашето тело. Многумина од нас остануваат неактивни премногу долго во текот на зимата и во тој период може да добијат неколку килограми повеќе. Но, намалувањето на телесната тежина станува вистински предизвик, затоа што доколку сте на некоја ригорозна диета, може да бидете гладни, нервозни и напнати.

слабеење совети

Доколку сакате на здрав начин да го постигнете идеалниот изглед на вашето тело, применете ги следните 10 лесни совети за слабеење.

  1. Започнете го главниот оброк со домашно припремена супа или каша, како на пример доматна супа или зрнеста каша и/или салата со само 1-2 лажици полесен прелив.
  2. Доколку помеѓу оброците чувствувате глад, изедете едно јаболко, цитрон или портокал. Овие овошја се богати со растителни влакна и создаваат чувство на исполнетост. Истражувањата покажуваат дека ќе јадете 15% помалку храна.
  3. Елиминирајте ги сите вештачки засладувачи при припрема на храна или пијалаци, бидејќи тие ја зголемуваат желбата за слатко, поткопувајќи ја вашата посакувана цел да внесувате помалку калории. Дозволете си да имате мали награди секојдневно, направени со вистински шеќер.
  4. Јадете околу 10 јаткасти плодови помеѓу оброците или пред јадење. Плодовите кои содржат здрави масти и протеини ќе ве држат сити за да го одбегнете гладот, но не консумирајте повеќе од 10 поради високата содржина на калории и масти.
  5. Зачинете ја храната со лут сос, лук или свежи зачини, но избегнувајте сол. Интензивните вкусови испраќаат порака до мозокот дека сте целосно исполнети во пократко време во споредба со храната припремена без зачини.
  6. Во исхраната секојдневно вклучете здрави масти, како што се растителни масла и јаткасти плодови. За разлика од нив, заситените масти кои ги содржат месото и млечните производи ве прават помалку сити.
  7. Консумирајте храна која е богата со растителни влакна, а има малку калории. Одличен оброк со такви особини е зеленчукот, а може да го комбинирате со 60-100 грама немасни протеини кои ги содржи пилешкото, рибата и зрнеста храна.
  8. Редовно консумирајте протеини, кои повеќе ќе ве заситат и ќе го намалат гладот, во споредба со храната богата со масти. Протеините ги задржуваат шеќерите во вашата крв на нормално ниво и го спречуваат губењето на мускулите.
  9. Доколку ви се јадат грицки, изберете пуканки направени со малку масло или направете си печен чипс од моркови или компири.
  10. И на крај, можете да набавите ленено семе кое нема потреба ни да се готви, само посипете 1 лажица врз салатите, тестенините или житариците. Лененото семе ја впива водата и ве држи сити.

Губењето и одржувањето на здрава телесна тежина е секогаш дневен предизвик. Но, запомнете ги овие 10 совети за слабеење. Правењето на здрав избор секогаш треба да биде дел од вашата дневна рутина како останатите рутини кои што ги правите во текот на денот.

Сподели: