10 природни начини за подобар имунитет 1

10 природни начини за подобар имунитет

Имунитетот е тој кој е заслужен за заштита од заболувања. Некои луѓе се разболуваат веднаш штом малку им застуди, додека други се многу поиздржливи. Речиси и да нема човек кој во некој период од животот не се соочил со проблеми предизвикани од ослабен имунитет. Токму затоа, на сите треба да ни е императив да постигнеме подобар имунитет, затоа што веројатноста да останеме здрави што подолго само така е поголема.

Има неколку едноставни, но корисни препораки кои може да ви помогнат да го подобрите имунитетот на природен начин. Станува збор за ефикасни методи кои не е неопходно да се применуваат во исто време. Доволно е да изберете некои кои ви се најлесни и најмногу ви се допаѓаат, а резултатите секако ќе бидат видливи. За да ви дадеме најдобри насоки и совети, секогаш за нашите сознанија ја консултираме Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, па срдечно и се заблагодаруваме за секоја издвоена минута во корист на сите нас. Па, да започнеме со препораките.

10 природни начини за подобар имунитет

Внесувајте доволно витамин Ц

Сокот од лимон е прв на листата. Киселоста на лимонот го поттикнува развојот на здравите бактерии во дигестивниот тракт и на тој начин штити од вируси и бактерии. Секако и витаминот Ц е супер за поддршка на имунитетот. Лимонот може да го пиете свежо исцеден, а може да го додавате во средно ладен чај, во салати или во супа.

Токму затоа е важно овој витамин секојдневно да се внесува преку храната и по потреба и како додаток во исхраната. Таков додаток во исхрана е AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.

Наша препорака е AlphaSorb-C од NOW Foods. Има големи позитивни ефекти при настинка, грип и инфекции, при алергии, помага во детоксикација, за лечење на рани, придонесува за создавање и стабилизирање на колагенот, ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација. При нашето истражување дознавме дека има повеќе придобивки кои го истакнуваат пред другите форми на витамин Ц, како што се:

  • зголемена антиоксидантна активност во крвотокот
  • патентиран производ кој го продолжува транспортот на природно присутните метаболити во клетките
  • не предизвикува киселински проблеми во стомакот
  • зголемена биорасположливост за 300% во однос на стандардниот витамин Ц
  • има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц.

Сега, благодарение на Тримекс, овој витамин може да го набавиме од сите подобро снабдени аптеки низ земјата, а исто така може да го порачате преку нивната онлајн продавница, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

10 природни начини за подобар имунитет 2

Може да ве интересира: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

Спијте доволно

Секој човек има различна потреба за спиење и затоа не е можно точно да се дефинира колку часа сон се потребни. На некои им се потребни просечно 6 часа сон, додека на други 10. Бројот на часови варира од возраста, физичката активност, како и од некои други фактори. Добро е да знаете дека важно е добро да се наспиете, бидејќи сонот е поврзан со лачењето на низа на хормони во телото. Добриот сон ќе ви ја подобри способноста за размислување, ќе ве направи порасположени, а ќе ви ја разубави и кожата. Додека, нередовната доза на сон на подолг рок го нарушува имунитетот.

Пијте вода

Постои едно правило кое гласи: најголемиот број на главоболки се појавуваат затоа што луѓето не пијат доволно вода. Чувството на жед не е единствениот сигнал дека имаме недостаток на вода. И главоболката исто така може да сигнализира дехидратација. – Колку вода ви е потребна? И на ова прашање е тешко да се даде точен одговор, но минималната количина која треба да ја пиете е 1.5 л на ден.

Намалете го бројот на кафиња

Иако кафето има некои позитивни својства и претставува моќен антиоксиданс, слично на какаото и чоколадото, кафето ги извлекува водата и минералите од телото. Затоа, секогаш со кафето пијте и вода за да ја надополните. На една шолја кафе, одговараат 2 чаши вода за да спречите дехидратација.

Консумирајте многу овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се важен извор на витамини, минерали, антиоксиданси, растителни влакна и ензими.  Секое овошје има различен хемиски состав, па затоа е неопходно да се консумира овошје и зеленчук во различни бои.

Со оглед на тоа што е тешко да се изеде поголема количина на било која храна за да се задоволат зголемените потреби на организмот, во одредени ситуации е добро да земеме суплементи. Антиоксидансите како што е природниот хавајски астаксантин или BioAstin-от, кој важи за еден од најсилните природни антиоксиданси, е без ГМО и не содржи: вештачки бои, глутен, лактоза, квасец, пченка, пченица, пестициди и хербициди, BSE се добар избор за нас. Истражувањата кои се објавени во The Journal of Nutrition and Metabolism покажуваат дека овој моќен антиоксиданс може да го намали оксидативниот стрес, воспалението и да го зајакне имуниот систем. Кога станува збор за елиминацијата на слободните радикали, астаксантинот може да биде до:

  • 550 пати посилен од витаминот Е
  • 800 пати помоќен во споредба од CoQ10
  • 6000 пати помоќен од витаминот Ц
  • а утврдено е дека 500 пати е помоќен во споредба со катехините кои ги содржи зелениот чај.
10 природни начини за подобар имунитет 3

На нашиот пазар, достапен е во форма на капсули, познати под името BioAstin, кои содржат природен хавајски астаксантин. Ако сакате да го набавите посетете ги поголемите аптеки низ Македонија. Исто така, може да порачате на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и преку онлајн продавницата на Тримекс, каде може да најдете и подетални информации за него. А, ако имате прашања во врска со користењето на BioAstin-от, слободно пишувајте ни на info@sezahrana.mk ние ќе ја консултираме Д-р Нела и ќе ви одговориме.

Користете природни состојки за подобрување на имунитетот

Лукот е најјак природен антибиотик и затоа се препорачува да се консумира барем еднаш во неделата. Свежиот лук е полековит од термички обработениот, но сепак со процесот на подготовка се намалува неговиот мирис кој на многумина им е одбивен. Исто така и алое вера се опишува како чудотворна билка која помага за подобрување на имунитетот, како и етеричните масла.

Може да ве интересира: Како да се постигне силен имунитет на природен начин?

Намалете го внесот на слатка храна

Доколку решите да применувате само еден совет од оваа листа, тогаш тоа нека биде овој. Елиминирајте ги шеќерите и веднаш ќе забележите позитивни промени во телото. Ќе станете поенергични и помалку ќе се разболувате.

Консумирајте храна богата со протеини

Протеини се градбени единици кои се неопходни за здраво тело и ум, па секако и за силен имунитет.

Вежбајте и поминувајте време на воздух

Денес за жал е нормална појава да се поминува до 90% од денот во затворена просторија. Свежиот воздух добро делува на расположението и на имунитетот. Умереното вежбање на отворено, како возење велосипед, трчање, пешачење и слично имаат позитивно влијание врз имунитетот.

Намалете го стресот и дозволете си ги работите кои ги сакате

Минувајте време со пријателите, одете на масажа, подгответе си топла купка или правете било што, што ве опушта и релаксира. Доброто расположение е поврзано со добрата здравствена состојба. Затоа намалете го стресот колку што можете. Испробајте некоја од техниките за намалување на стрес како медитација. Кога еднаш ќе се ослободите од сè што ве прави нервозни и вознемирени, животот ќе ви стане поубав, а тоа секако ќе се одрази и на имунитетот.

Ви препорачуваме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: