Можеби мислите дека е лесно, или дека е тешко да се направи највкусна супа! Има неколку трикови и тоа лесно изводливи, а ние ви презентираме дел од нив. Сигурно ќе ви користат оние кои досега не сте ги пробале.
Може да ве интересира: 7 најчести грешки при домашна припрема на супа.

Еве неколку правила до кои треба да се држиме:
- Кога правиме супа со месо, месото се прелева со ладна вода. Зеленчукот се додава во врела вода и не треба да се претерува со варењето за да не се уништат витамините.
- Откако супата ќе зоврие, треба да се вари на тивок оган.
- Ако ја зачинувате супата со јајце, треба да биде добро изматено и да се додава во тенок млаз со постојано мешање.
- За повкусна супа, пред да зоврие, ставете мало парче сирење со големина на орев.
- Зелените делови на празот, лукот и кромидот, целерот, магдоносот, даваат поинтензивен и полн вкус кога се варат заедно со дршката/коренот.
- Ако ја пресолите супата, додајте 1-2 излупени сурови компири, да се варат во неа.
- Кога сакаме да ја зачуваме супата топла, се препорачува да се стави во сад со врела вода, наместо да стои на шпоретот.
- Супата од печурки се посолува на крајот од готвењето, од риба пред да зоврие, а од месо веднаш штом зоврие.
- Кога се припрема супа, зеленчукот се сече на поситно, а кога се припрема бујон од зеленчук, се сече на покрупно.
- Таложењето на крем супата може да се спречи, ако во неа додадете малку свежо млеко, а пред сервирање во секоја чинија да ставите парче путер.
- Пилешката супа ќе биде повкусна и поздрава, ако ја закиселите со лимон, наместо со киселина.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 корисни трикови за вкусна домашна супа.