Насекаде се пишува за значењето и придобивките на нашето тело од екстремно важните омега-3 масни киселини. Па, затоа решивме повеќе да ве запознаеме до нив и да ви кажеме зошто се значајни за организмот и во која храна ги има.
Омега-3 претставуваат полинезаситени масни киселини кои имаат драгоцено влијание врз човековото здравје. Нашиот организам не може да ги синтетизира, па токму заради тоа мора да се внесуваат преку храната или пак преку суплементи.
Улога на омега 3-масните киселини
Овие корисни масти се сметаат за природен лек и пријатели на здравјето. Есенцијалните масни киселини се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои регулираат голем број функции во телото, вклучувајќи ги синтезата на хормоните и имуниот одговор. Овие простагландини ги намалуваат воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол.
Омега-3 посебно се значајни се за:
- кардиоваскуларниот систем
- важни се за намалување на нивото на триглицериди во крвта
- го намалуваат интензитетот на воспалителните процеси
- го зајакнуваат имунитетот
- помагаат при алергии и псоријаза
- поволно влијаат за време на бременост, како врз фетусот, така и врз бремената жена.
Исто така, одлични здравствени придобивки од омега-3 масните киселини се забележуваат при:
- депресија (го подобруваат менталното здравје)
- астма
- покачен крвен притисок
- дијабетес
- остеоартритис (заболувања на коските и зглобовите)
- кожни заболувања
- менструални болки.

Храна богата со омега-3 масни киселини
Повелете листа од 20 хранливи производи кои се рангирани според количината на омега-3 масни киселини во својот состав, од што можеме да заклучиме дека во лененото семе има најголем процент, а во јагодите најмал процент со оглед на тоа што во оваа листа се позиционирани најдолу.
- Ленено семе
- Ореви
- Каранфилче
- Сардини
- Марула
- Говедско месо
- Лосос
- Семе од синап (сенф)
- Тофу
- Спанаќ
- Варени мешунки
- Соја
- Ракчиња
- Школки
- Репкаст зеленчук
- Зелје
- Малини
- Боранија
- Туна
- Јагоди.
Ви предлагаме да прочитате: Што се есенцијални масни киселини и која храна ги содржи?