Карфиолот често се смета за едeн од најздравите зеленчуци во светот, а има и добра причина зошто е тоа така. Тој изобилува со фитохемикалии и високо ниво на антиинфламаторни соединенија кои се способни да спречат рак, срцеви заболувања, заболувања на мозокот, па дури и покачување на телесната тежина. Па, практикувајте често да консумирате карфиол за превенција од карцином! Неговата моќ е чудесна, а сега го има во изобилство на нашите пазари и од него може да припремите разни варива, супи и салати.
Карфиолот е член на фамилијата зелки, заедно со брокулата, зелката, кељот, прокељот и слично. Неодамнешните студии укажуваат на тоа дека ваквиот зеленчук е одличен извор на природни антиоксиданси. Тој има високо ниво на различни фитохемикалии, како и е добар снабдувач на организамот со есенцијални витамини, каротеноиди, растителни влакна, растворливи шеќери, минерали и фенолни соединенија.

Може да ве интересира: 6 зачини кои помагаат во превенција од карцином.
Го намалува ризикот од канцер
Некои студии покажуваат дека карфиолот е особено корисен за спречување на рак на дојката, дебелото црево, црниот дроб и белите дробови. Се покажало дека содржи хемо-превентивни агенси кои ги инхибираат раните фази од развојот на ракот и помагаат во намалување на растот на туморите. Карфиолот исто така е богат со глукозинолати – голема група на корисни соединенија кои содржат сулфур и во основа дејствуваат како природни заштитници на растителните клетки. А, кога тие се консумираат од страна на луѓето, корисни се обновување на структурата на ДНА и помагаат во превенција на канцери преку забавување на растот на мутираните клетки.
На овој начин карфиолот со својата магична моќ не само што ги уништува канцерогените клетки, туку и штити од нивно повторно појавување.
Се бори против воспаленија
Долготрајните воспаленија се причина за речиси сите хронични болести со кои се соочуваме секојдневно. Карфиолот е богат со антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија кои го намалуваат оксидативниот стрес и присуството на слободни радикали во нашето тело. За намалување на оксидативниот стрес придонесуваат широкиот опсег на антиоксиданси, како и изобилството на витамини (витамин Ц, Е, А, К, фолна киселина, тиамин, рибофлавин). Исто така, бета-каротенот и бета-криптооксантин помагаат во намалувањето на оксидативниот стрес во телото, кој кога останува нерегулиран може да доведе до појава на карциноми или други непосакувани состојби.
Само една порција карфиол содржи најмалку 73% од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Тој е важен за намалување на воспалението, помага за зајакнување на имунитетот и заштита на телото од штетни бактерии, инфекции па дури и од обични настинки.
Ви препорачуваме да прочитате: Карфиол за витка линија и одлично здравје.