превенција на рак

6 зачини кои помагаат во превенција од карцином

Научно е докажано дека зачините како ким, оригано и ѓумбир имаат јасно изразено антиканцерогено дејство. Но, покрај нив, постојат и други зачини кои исто така помагаат во превенција од карцином. Во текстот кој следува дознајте кои се лесно достапните и лековити зачини и како влијаат во заштитата на телото од оваа опасна болест. Бидејќи секојдневно ја зачинуваме храна, вреди да се потрудиме и да ги користиме овие 6 зачини што почесто.

Ким 

Кимот е познат како зачин кој помага за варењето на храната, но многумина не знаат дека е моќен антиоксиданс. Во Индија семето од ким се грицка по оброците, за да може храната подобро да се свари. Но, кимот во својот состав содржи состојка позната како тимокиноин, за кој е докажано дека го намалува ширењето на клетките кои може да доведат до појава на рак на дебелото црево. Дознајте повеќе за кимот како зачин и лек за здравствени проблеми.

зачини во превенција од карцином

Оригано

Традиционално се поврзува со италијанската кујна, посебно со пицата, но има и антиканцерогени својства. Покрај нив, ориганото поседува силни антимикробни својства. Една мала лажичка оригано делува превентивно во растот на клетките кои може да доведат до рак на простата.

Ѓумбир

Ѓумбирот одамна е ценет како лековита билка. Помага да се намали холестеролот и да се забра метаболизмот. Но, ѓумбирот исто така делува и на канцерогените клетки. Тој може да се користи свеж или како прав. Прочитајте за 7-те придобивки од ѓумбирот за кои не сте знаеле!

Шафран

Шафранот содржи состојка која е позната како кроцетин, која помага да се намали растот на клетките на карциномот. Освен тоа, во некои експерименти е докажано дека оваа состојка (доколку се примени во концентрирана состојба) може за 50% да ја намали големината на некои тумори. Можеби има малку повисока цена, но благопријатно дејство има и доколку се консумира по помали количини. Покрај антиканцерогеното дејство, постај 5 придобивки од истакнатиот зачин и лек шафран.

Цимет

Ретко кој не го обожава циметот, кој навистина преубаво мириса. Познато е дека помага за регулација на шеќерот во крвта, но малку е познато дека половина лажичка цимет на ден може да биде корисен во превенцијата против рак. Познато е дека циметот го инхибира формирањето на нови крвни садови во телото и на тој начин помага за намалување на растот на туморите. Прочитајте повеќе за циметот – Сѐ што не сте знаеле за придобивките, рецепти и препораки за употреба.

Анасон

Овој зачин содржи анетол, состојка која ја намалува активноста на ензимите кои го поттикнуваат растот на клетките на карциномот. Покрај тоа содржи и други корисни фитонутриенти.

Ви предлагаме да прочитате: 5 лековити зачини кои мора да ги имате во вашата кујна.

Сподели: