Велигден е еден од најголемите христијански празници и време кое сите го празнуваме со радост, а секоја декорација ја збогатува убавината на моментите. Разведрете го вашиот дом со велигденски декорации и претворете го во едно топло празнично катче!
Велигденска декорација јајце од конец
Една интересна идеја за велигденска декорација е јајце од конец кое може да го направите прилично лесно. Потребно ви е: балон и тоа во големина по ваша желба, конец, универзално лепило и забавата може да започне. А, за најдобро и најлесно да го изведете погледнете го видео упатството.

Велигденско јајце со чоколадни бонбони
Друга супер идеја која е слична и може да ја надополни првата е велигденско јајце полно со чоколадни бонбони кои особено ќе ги посакуваат најмалите. Тука може да погледнете како да го направите ова слатко изненадување.
Велигденско зајаче од салфетка
Салфетките во форма на зајаче лесни се за правење, а сигурно сите ќе бидат изненадени од вашата креативност. Може да користите салфетки во различни бои, со што ќе добиете шарена и весела трпеза, а еве како да ја изведете постапката.
Бидејќи наскоро ќе обојуваме и декорираме Велигденски јајца, ви предлагаме да прочитате и 5 начини за боење и декорирање на Велигденски јајца и да ги разгледате сите начини, па да може да го направите својот омилен избор за оваа година.