рецепти со кременадли

3 празнични рецепти за кременадли во сос

Славите и имендените започнаа! Празниците ни доаѓаат! Ова е најубавиот период кога дружбите се позачестени, а секој е во потрага по најубавите рецепти. Споделуваме 3 празнични рецепти за кременадли во сос со кој гостите ќе бидат воодушевени, а трпезите убаво декорирани. 

Избери го твојот фаворит и збогати ја празничната трпеза.

рецепти со кременадли

Кременадли во кремаст сос од печурки

Ова е нашиот прв избор за превкусно јадење на кое ретко кој може да одолее. Приготви свински кременадли и послужи ги со кремаст сос од печурки. Потребни ти се:

Состојки:

За кремаст сос од печурки:

  • 1 чаша сечкани шампињони
  • 2 лажици свеж сечкан магдонос
  • 1 лажица свежа сечкана мајчина душица
  • 4 чешниња сечкан лук
  • ¾ чаша неутрална павлака за готвење 
  • Вода по потреба. 

Подготовката може да ја прочиташ тука. Еве неколку совети плус: 

  • Ако сакаш потечен сос, додај вода или бујон во сосот. 
  • Наместо свежа, може да корисиш сува мајчина душица.

Кременадли во доматен сос

Станува збор за брз рецепт кој се приготвува со печење на кременадли во рерна. Па, ако си во недостиг на време, а бараш вкусен рецепт, ова е еден од нив:

Состојки:

  • 8 кременадли (по желба без коска) од Агриа
  • 150 мл доматен сок (мелени домати или доматен сос)
  • 4-5 чешниња лук
  • 100 мл масло
  • 150 мл вода
  • 2 лажици соја сос
  • 1 – 2 лажички сол по вкус
  • 1 лажиче мелен црн пипер
  • 1 лажиче сув магдонос.

Кременадлите може да го послужиш со рестован или печен компир, пире… Ако ти се допаднаа состојките, подготовката прочитај ја тука. 

Кременадли во кремаст сос со лук

Нешто поразлично, а многу вкусно! Кој може да одолее на меки и сочни кременадли во кремаст сос со арома на лук? Количината на состојките може да ја прилагодиш според бројот на гости. 

Состојки:

  • 4 свежи кременадли од Агриа
  • Сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 2-6 чешниња лук (по вкус)
  • 1 лажица брашно
  • ½ чаша пилешки бујон
  • ½ лажичка сок од лимон 
  • ¼ лажичка лук во прав
  • ¾ чаши течна неутрална павлака.

Кременадлите се пропржуваат, а потоа се приготвува сосот. Штом сосот е готов, кременадлите се динстуваат во него додека омекнат. Постапката детално може да ја прочиташ тука.

За кој и рецепт да се одлучиш, најважно е да набавиш квалитетно свинско месо. Наша препорака е свежото месо од Агриа. Може да го најдеш во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Рамстор и Тинекс маркетите. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, па така го произведуваат највкусното свежо месо во Македонија.

кременадли од агриа 2023

Може да те интересира: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на кременадли.

*Рецептите се овозможени од Агриа.

Сподели: