3 здравствени придобивки од гравот кои вреди да ги знаете

Кое е вашето омилено јадење? Можеби традиционалното гравче тавче? Освен што е многу вкусен и може да се приготвува на безброј начини, нутриционистите го вбројуваат гравот меѓу најздравите намирници. И тоа е поради повеќе причини! Ви откриваме три здравствени придобивки од гравот кои вреди да ги знаете. 

Го чува здравјето на срцето и крвните садови

Гравот е одлична намирница за подобрување на здравјето на срцето. Тоа се должи на богатството на растителни влакна кои помагаат за намалување на холестеролот и фолната киселина која ја намалува концентрацијата на хомоцистеинот во крвта, зашто тој ги оштетува ѕидовите на артериите. Полифенолите кои се наоѓаат во состав на гравот го штитат холестеролот од оксидација, а со тоа помагаат во спречувањето на артериосклерозата.

здравствени придобивки од гравот

Под стрес сте? Направете го вашето омилено јадење со грав

Ако сте под стрес, направете ручек со грав. Гравот содржи големи количини на магнезиум, минерал кој помага за намалување на стресот. Освен тоа, магнезиумот е значен за здравјето на нервите и мускулите, а е неопходен и за здрави коски.

Гравот може да ви помогне за полесно намалување на вишокот на килограми

Јадењата приготвени од грав се богати со протеини и растителни влакна, а содржат малку калории. Покрај тоа, алфа – амилаза инхибиторите во гравот му помагаат на организмот да го регулира складирањето на маснотии во телото. Одлично дополнение на оваа придобивка е тоа што гравот има низок гликемиски индекс и овозможува полесно намалување на телесната тежина.

Што треба да знаете при изборот и чувањето на гравот?

При купувањето на грав, добро погледнете ги семките. Најдобро е да набавите пакуван грав кој не бил изложен на влага или оштетен од инсекти. Семките треба да бидат цели и да не се напукани. Од нашето искуство би можеле да го препорачаме гравот на Сончева Долина. Тој е со препознатлив квалитет и извонредни нутритивни карактеристики, кои може да ги погледнете на следното видео:

Грав Сончева Долина

Грав со врвен квалитет и богати нутритивни својства.Сончева Долина – Палета природни вкусови.

Posted by Сончева Долина on Wednesday, May 3, 2017

А за да ги сочувате квалитетот и искористите здравствените придобивки, важно е правилното чување на гравот. Тој треба да се чува во херметички затворени садови, на ладно, суво и темно место.

Изберете дел од палетата на природни вкусови и бидете здрави!

Ви предлагаме да прочитате: Кои се разликите меѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект?

*Комерцијален текст

Сподели: