природни маски со јајца за коса 1

3 природни маски со јајца за бујна, сјајна коса и без првут

Она што е важно за јајцата, е дека освен што се вкусни, тие се и многу корисни за нашето здравје, па во оваа насока ви предлагаме да ги погледнете предлозите за домашни природни маски со јајца.

Освен што се вкусна храна која е незаменлив извор на протеини, јајцата исто така содржат витамини и минерали. Бидејќи се лесно достапни во текот на целата година и многу лесно се приготвуваат претставуваат често застапена храна во нашето мени, а придонесуваат и за здрава, бујна и убава коса со сјај. Козметичката вредност на јајцата можете да ја пренесите и на вашата коса, еве повеќе детали за постапките.

природни маски со јајца за коса 2

Маска со јајца за сјајна коса со изразена боја

Кога сакате да го подобрите и изразите сјајот на вашата коса, како и да го изразите интензитетот на бојата направете ја следната маска:

  1. Исецкајте ситно половина главица кромид и додадете 2 лажици мед.
  2. Потоа додајте неколку капки етерично масло од лимон или неколку капки сок од лимон.
  3. На крајот, додајте 2 жолчки од јајца и измешајте добро за да се постигни хомогена смеса.
  4. Намачкајте ја косата и оставете да делува околу 30 минути.

Маска со јајца против опаѓање на косата

Доколку имате проблем со опаѓање на косата направете ја следната маска:

  1. Издвојте 2 жолчки од белките и изматете ги.
  2. Додајте 2 лажици рицинусово масло.
  3. Потоа додајте 1 лажица коњак и 1 лажица квасец.
  4. Добиената смеса загрејте ја на пареа.
  5. Нанесете ја маската на косата додека е топла и оставете ја делува барем 2 часа.

Маска со јајца против првут

Третата маска со јајце може да ви помогне да се ослободите од првутот:

  1. Издвојте 2 жолчки од белките и изматете ги.
  2. Кон нив додајте цеден сок од еден лимон и 3-4 капки рицинусово масло.
  3. Измешајте добро и намачкајте ја косата. Оставете ја маската да делува околу 30 минути.

Ви препорачуваме да прочитате и 3 домашни маски за побрз раст на косата.

Сподели: