Често пати кога сме гладни помеѓу оброците ја земаме првата храна или напиток кој ќе ни се најде при рака. Притоа, важно е да напоменеме дека ако се трудиме во насока на слабеење, важно е да знаеме како да го „залажеме“ желудникот. Ова го спомнуваме и потенцираме заради тоа што постојат намирници кои го поттикнуваат и појачуваат гладот и никако не можете да го натерате стомакот да има чувство на ситост.
Некои од нив, делуваат „безопасно“ или се сврстуваат во групата на здрави намирници, а во оваа прилика ќе наброиме 5 кои се лош избор за зачувување на витката линија, здравјето и енергијата на телото на долг рок.

Вештачки шеќери
Овие супстанции даваат лажна и привремена сатисфакција на телото, но во суштина, мозокот го оставаат гладен. Кога ќе посегнете по храна која ги содржи нив, секогаш ќе сакате уште, а и повеќе од што ви е доволно и потребно.
Сокови
Имајте предвид дека и природните сокови кои ќе ги исцедите од овошјето, доаѓаат со својот овошен шеќер, а растителните влакна остануваат во кората. Тоа доведува шеќерот во крвта да го подигне своето ниво и инсулинот да се активира во обработка на тие шеќери, а вие ќе останете уморни и гладни.
Брза храна
Оваа храна има извонреден вкус и сочност, сите ја сакаме. Меѓутоа, не се препорачува често заради тоа што е полна со сол, заситени масти и вештачки додатоци. Солта доведува до чувство на отеченост и подуеност поради задржувањето на вишок вода во телото, а мастите ќе ве збунат да не знаете колку храна ви е доволно. Како резултат на тоа, ќе изедете поголема количина на храна потоа.
Бел леб
Јаглените хидрати во лебот се половина од проблемот. Телото оваа намирница ја доживува како голем прилив на шеќери, па ефектот е сличен како да сте јаделе слатки колачи или да сте пиеле сокови.
Ви препорачуваме да прочитате: Не чувствувате глад, а сепак имате кркорење во стомакот?