4 најважни придобивки од ‘ржаниот леб – дава ситост, го подобрува варењето на храната…

‘Ржаниот леб има потемна боја и посилен вкус во споредба со белиот леб, а тоа е една од причините зошто луѓето го обожаваат. Нуди бројни здравствени придобивки како што се подобра контрола на шеќерот во крвта, подобрување на здравјето на срцето и дигестивниот систем. И не само тоа! Продолжи со читање и дознај ги најважните придобивки од ‘ржаниот леб.

придобивки од ржаниот леб

Може да го подобри здравјето на срцето – го намалува нивото холестерол во крвта

Консумирањето на ‘ржан леб е корисно за здравјето на срцето. Истражувањата покажале намалување на ризик факторите кои предизвикуваат болести на кардиоваскуларниот систем. Во една студија со времетраење од 8 недели биле опфатени 40 лица, кои периодично консумирале ‘ржан и бел пченичен леб. За време на консумирањето на ‘ржан леб биле забележани пониски нивоа на вкупниот холестерол, како и на „лошиот“ холестерол. Оваа придобивка се должи на високата количина на растворливи растителни влакна кои ги содржи ‘ржаниот леб. 

Помага за контрола на шеќерот во крвта

Контролата на нивото на шеќер во крвта е значајна за сите, а најважна е за лицата кои имаат дијабетес тип 2. Растителните влакна, исто така се корисни за бавна дигестија и апсорпција на јагленохидратите и шеќерите низ дигестивниот систем. Тоа помага за постепен раст на нивото на шеќер.

Освен ‘ржаниот леб, за лицата со дијабетес го препорачуваме Дија лебот од Жито Лукс. Дија лебот е направен од 100 % интегрално пченично и 100 % интегрално ‘ржано брашно. Содржи недигестибилни јаглехидрати кои овозможуваат одржување на нормално ниво на гликоза во крвта и како таков е погоден за лица со дијабетес, поради што е и поддржан од Сојузот на Здруженија на дијабетичари.

Го подобрува здравјето на дигестивниот систем

Консумирањето на храна богата со растителни влакна е од клучно значење за редовно празнење на цревата. Растворливите растителни влакна ја апсорбираат водата, ја омекнуваат столицата и помагаат за полесно празнење на цревата. Со тоа се спречува појавата на констипација. Оваа придобивка е докажана и со научни истражувања. 

Друга студија покажала дека растителните влакна кои ги содржи ‘ржаниот леб може да го зголемат нивото на масни киселини со краток синџир во крвниот систем. Овие масни киселини со краток синџир се поврзани со бројни придобивки како полесно слабеење, намалено ниво на крвниот шеќер и превенција од карцнином на дебелото црево. 

ржан леб од Жито Лукс

Дава ситост подолго време

Консумацијата на ‘ржан леб помага да се чувствувате сити подолго време. И оваа придобивка се должи на растителните влакна. Една студија потврдила дека лицата кои јаделе ‘ржан леб се чувствувале посити и внесувале помалку калории во текот на денот во споредба со лицата кои конумирале бел леб. 

Ржаниот леб е достапен и кај нас

Кај нас е достапен ржан тост леб од Жито Лукс во пакување од 350 грама и XL пакување од 500 грама. Составен е од комбинација на интегрално брашно, `ржано брашно и малтозно `ржано брашно што му дава уникатен и привлечен вкус. Покрај карактеристичниот вкус, овој леб има и висока хранлива вредност и претставува извор на влакна.

А љубителите на домашни лебови, од палетата на Жито Лукс може да набават 100% ржано брашно. Изобилува со витамини од Б комплексот, минерали (манган, селен, фосфор, магнезиум, цинк и железо), висок процент на растителни влакна и протеини, што го прави одлична основа на сите режими за здрава исхрана. Погодно е за подготовка на леб, тестенини, бисквити и различни печива. 

ржано брашно

Споделуваме и два испробани рецепти со ржано брашно:

*Текстот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: