рецепти за посни крем салати

4 рецепти за посни крем салати

Новите рецепти за посни крем салати се добредојдени во секој момент! Слави, имендени и родендени нѐ очекуваат во на периодов на пости, а тоа е супер можност за дегустација на нови јадења. Ги избравме нашите омилени посни крем салати: посна руска, посна со макарони, посна салата со туна и посна крем салата со цвекло.

Посна руска салата

Класика, елеганција и префинет вкус! Тоа е описот за посната руска салата која сигурно ќе ви се допадне и вас, а на многумина ќе им се најде за време на различни свечености во време на пости. Пригответе ја оваа посна руска салата и збогатете ја празничната трпеза.

посни крем салати

Посна крем салата со цвекло и мајонез

Ако ви се досадиле посните салати со макарони и туна, време е да ја пробате посната крем салата со цвекло и мајонез. Тоа е нашиот најнов рецепт!

Посна салата со макарони и зеленчук

Оваа салата секогаш може да се најде на нашата посна празнична трпеза. Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви се најавиле гости или имате некоја свеченост, ви предлагаме да ја пробате оваа посна салата со макарони и зеленчук. По желба, салатата може да ја збогатите со печурки, маслинки или туна.

Посна салата со макарони, туна и зеленчук

Невена ни предлага одличен рецепт за посна салата со макарони, туна и зеленчук која е добро решение за оброк на работа, но исто така може да биде лесна и освежителна вечера. А најдобро од сѐ е тоа што оваа посна салата со макарони се припрема брзо и едноставно.

Знаете ли друг супер рецепт за посна крем салата? Споделете го во групата на Сѐ за храна!

Ви предлагаме да прочитате: 11 избрани рецепти за посни салати и прилози.

Сподели: