Посна крем салата со цвекло и мајонез

Новите рецепти за посни салати се добредојдени во секој момент! Слави, имендени и родендени нѐ очекуваат во наредниот период на пости, а тоа е супер можност за дегустација на нови јадења. Ако ви се досадиле посните салати со макарони и туна, време е да ја пробате посната крем салата со цвекло и мајонез.

Доколку не постите, можете да ја направите со било кој мајонез, и така вкусот би бил фантастично добар. Освен тоа, за да добиете салата со најдобар вкус, ви препорачуваме да користите свежо цвекло. Но, доколку немате време за подготовка може да ја направите и со пастеризирано цвекло од тегла.

салата со цвекло и мајонез

Состојки:

  • 2 главици цвекло или 300 грама пастеризирано цвекло
  • 150 грама кисели краставички
  • 150 грама варен ориз
  • 200 грама посен мајонез
  • ореви по желба
  • сол по вкус
  • свежо мелен црн пипер

Подготовка:

  1. Доколку на располагање имате свежо цвекло, добро измијте го и ставете го во сад на оган со вода да се вари. Во водата додајте малку киселина и оставете го цвеклото да се вари додека омекне.
  2. Вареното цвекло извадете го од водата и оставете го да се излади. Потоа излупете го и изрендајте го на крупната страна на рендето.
  3. Доколку користите пастеризирано цвекло, истото исчекајте го на тенки ленти.
  4. Киселите краставички исечкајте ги на мали коцки.
  5. Во длабок сад ставете го ренданото цвекло, киселите краставички и варениот ориз. По желба додајте сечкани ореви и измешајте.
  6. Во друг длабок сад ставете го посниот мајонез, додајте сол и свежо мелен црн пипер, и измешајте го сосот.
  7. Во садот со цвеклото додајте го сосот со мајонез. Измешајте ја посната салата со цвекло и мајонез, а потоа сервирајте ја во чинии. Послужете и уживајте!

Ви предлагаме да прочитате: Посна салата со компири и кромид.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: