посна салата со макарони

Посна салата со макарони, туна и зеленчук

За време на пости или куќни свечености не може да се замисли трпеза без кремаста посна салата направена од посни макарони, туна, печурки или кисели краставички.

Невена ни предлага одличен рецепт за посна салата со макарони, туна и зеленчук која е добро решение за оброк на работа, но исто така може да биде лесна и освежителна вечера. А најдобро од сѐ е тоа што оваа посна салата со макарони се припрема брзо и едноставно.

посна-салата-со-макарони

Состојки:

  • 300 гр мали макарони
  • 2 конзерви по 150 гр туна во масло
  • 1 морков
  • 15 црни или зелени маслинки без семка
  • 4 лажици пченка од конзерва
  • 4 лажици маринирани печурки
  • 4 лажици замрзнат грашок
  • 4 лажици посен мајонез
  • сол по вкус
  • 2 кисели краставички (сецкани на коцки).

Подготовка:

  1. Морковот исечкајте го на коцки и заедно со макароните ставете ги да се варат во посолена зовриена вода. Варете ги за време од 10 минути, според упатството наведено на пакувањето.
  2. Кон крајот, додадете го грашокот и варете уште 5 минути. Потоа макароните, морковите и грашокот исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги да оладат.
  3. Макароните, морковите и грашокот ставете ги во длабок сад, додајте ја туната исцедена малку од маслото, останатиот зеленчук, мајонезот и посолете по вкус. Убаво измешајте и сервирајте ја салатата.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска

Сподели: