4 зачини за подобра циркулација со затоплувачки ефект 1

4 зачини за подобра циркулација со затоплувачки ефект

Природата ни дава голем избор на зачини кои ја подобруваат циркулацијата и ни овозможуваат правилно и нормално функционирање на организмот. Како бонус плус, даваат и чувство на топлина и загреаност. Па, во продолжение дознајте кои зачини за подобра циркулација е идеално да ги консумирате во ладните денови.

Иако зимата е прекрасна, на некои им е омразено годишно време поради студот од кој посебно се чувствителни прстите и стапалата. Оние кои не ја сакаат, веројатно попрво би ја поминале дома крај топол оган и облечени во топла облека, дебели чорапи и џемпери. Но, работата често не ни го дозволува тоа, а од друга страна и снежната убавина и ски стазите повикуваат на забава на отворено. Па, доколку и вие спаѓате во онаа категорија на луѓе кои и покрај топлата облека, капа, шал и ракавици, сепак се чувствуваат смрзнати, пробајте ги овие зачини за подобра циркулација и почуствувајте го нивниот загревачки ефект.

Цимет

Воопшто не е чудно што важи за еден од најомилените зимски зачини. Неговиот ароматичен вкус и мирис потсетува на есен, зима, празници и снег. Циметот ефикасно дејствува против згрутчување на крвта и затоа е одличен за подобрување на циркулацијата. Може да го додавате во кекси, торти, колачи, во салеп и други напитоци, во смути или во утринската порција со житарици. Ние обожаваме со него да правиме десерти, па топло ви препорачуваме да го пробате нашиот испробан рецепт за Пита со јаболка и цимет – брза и без миксер.

Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 4

Лути пиперки

Лутите пиперки заштитуваат од настинка, а како што и самите сигурно сте забележале тие ја покачуваат и телесната температура. Се сметаат за најдобри природни поттикнувачи на циркулацијата. Како проверено вкусен и умерено лут зачин кој го користиме во секојдневната исхрана е лутиот буковец на Рајска градина и во оваа прилика ве потсетуваме дека секогаш може да сметате на неговите позитивни ефекти за супер вкус, добра циркулација и пријатно телесно затоплување, а дефинитивно можеме да ви го препорачаме и чили зачинот.

Познато е дека во Италија и Кина се користат за подобра циркулација, а дополнително од користа преку исхраната, во некои ладни предели од светот постои интересна навика помеѓу населението. Тие ставаат мелени лути пиперки во чорапите со цел да го намалат чувството на студ во нозете. Нивните сведоштва тврдат дека најдобро е прво малку да посипите лута пипер на нозете, па да облечете топли памучни чорапи, па на крај чизми.

Ѓумбир

Дефинитивно најсилен загревачки ефект помеѓу сите зачини има ѓумбирот. Може да подготвите загревачка купка, така што ќе ставите мелен ѓумбир во кадата која претходно сте ја наполниле со топла вода или пак зовријте 230 грама сечкан ѓумбир во 2 литри вода и употребете го како купка за рацете или стапалата. Исто така и чајот поседува одлични загревачки особини, а може да го комбинирате со лимон за подобар вкус. Ѓумбирот може да го додавате и во колачи и бисквити.

Лук

Уште од многу одамна е познато дека има термогени особини и благо ја покачува телесната температура. Лукот не само што е исклучително здрав зачин и ќе ве заштити од разни заболувања, тој може и да ве загрее. Поттикнува подобра циркулација и го засилува протокот на крв низ артериите. Најдобро е да се консумира суров, но може да го додавате и во разни салати, чорби или да го јадете како прилог со риба или месо и слично. А, мора да спомнеме дека како макало е еден од највкусните и најлесните начини да го консумирате во разни прилики. Може како намаз или како супер вкусен сос со разни јадења. А, кога сме кај вкусни и лесно достапни макала од лук со проверен вкус, без двоумење можеме да ви ги препорачаме одличните макала на Рајска градина.

макала рајска градина

Наша препорака

Кога станува збор за одлични зачини, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина од која ги купуваме омилените зачини. Повеќе за понудата на Рајска Градина може да дознаете тука на овој линк или да ја посетите нивната фан страница Rajska Gradina.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 зимски зачини со лековита моќ.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: