5 здравствени придобивки од печурките 1

5 здравствени придобивки од печурките за кои не сте знаеле

Кога станува збор за зеленчукот и овошјето, генерално важи правилото колку е потемна бојата, толку се похранливи. Но, шампињоните го кршат ова правило! Тие имаат бела боја и изобилуваат со хранливи состојки. Нивната текстура одлично се вклопува во разни јадења, а благодарение на нивната ниска калориска вредност, која изнесува само 21 калорија во една чаша шампињони, може да ги јадете без да се грижите за вашата линија и здравјето. Вклучете ги во јадењата и искористете ги здравствените придобивки од печурките, кои се бројни и доаѓаат од нивните хранливи состојки.

Можеме да зборуваме со денови зошто треба да консумираме печурки почесто, а во продолжение ги издвоивме најважните здравствени придобивки:

Шампињоните се одличен извор на витамини од групата Б, селен и бакар

Околу 90 грама печурки содржат 25% од препорачаните дневни дози за витамин Б2, 17% од ПДД за витамин Б3 и 13% ПДД за витамин Б5. Долго време се сметало дека единствен извор на витамин Б12 е храната од животинско потекло, но едно кинеско истражување потврдило дека овој витамин го има на површината на печурките. Покрај тоа, печурките се одличен извор на минералите селен и бакар. Благодарение на поволниот состав, редовната консумација на печурки ја поттикнува работата на белите крвни зрнца, кои се важен дел од имуниот систем.

придобивки од печурките

Печурките го штитат организмот од штетните бактерии

Печурките содржат природни антибиотици и на тој начин помагаат во одбраната на организмот од штетните бактерии. Така го зајакнуваат организмот и се препорачуваат во секојдневната исхрана.

Претставуваат природен извор на протеини и се корисни за намалување на вишокот на килограми

Некои истражувања покажале дека луѓето кои консумирале печурки како замена за црвено месо, имале поуспешни резултати во намалувањето на телесната тежина. Имено, кај нив се забележало намалување на обемот на струкот, како и полесно одржување на достигнатата тежина после диетата.

Содржат антиоксиданси кои го намалуваат воспалението

Печурките спаѓаат во групата на храна која го намалува воспалението. Денес се знае дека најшироко распространетите заболувања како дијабетес тип 2, кардиоваскуларните болести и карциномот настануваат како резултат на воспаленија на клеточно ниво. Аминокиселината ерготеонин која ја има во печурките, заедно со селенот, манганот и цинкот, делуваат анти-воспалително. Освен тоа, тие помагаат и во заштита на крвните садови.

Печурките се потенцијални борци против канцерот

Научните истражувања покажале дека печурките имаат својство да ги уништат клетките на ракот на простата и дојката. Ова својство на печурките посебно го истражиле кинеските научници. Тие содржат и полисахариди кои влијаат на имуниот систем, препознавање на малигните клетки, нивно уништување и повторното враќање на организмот во рамнотежа. Без нормалното функционирање на имунолошкиот систем, нашето тело е изложено на ризик од секакви инфекции и болести.

Многу врсти на печурки се уште се испитуваат како потенцијални главни борци против сите облици на рак. Тука посебно се истакнуваат шитаке и реиши печурките. Тие содржат моќни антиоксиданси како што е L- ergothioneine.

Покрај погоре наведеното печурките се исто така корисни и против анемија, за балансирање на нивото на холестеролот, против дијабетес, за регулирање на крвниот притисок, за здрави коски и за уште многу други здравствени состојби.

Неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги вклучите шампињоните во исхраната

Шампињоните може да се искористат на различни начини во подготовката на јадењата. Истите се достапни свежи и маринирани на пазарот. При изборот на печурки секогаш внимаваме да бидат свежи, цврсти, со бела боја. Такви се свежите шампињони на Бонум кои може да се најдат во поголемите маркети, a достапни се во различни пакувања. Покрај свежите печурки, често користиме и маринирани печурки. Бидејќи Бонум е македонска компанија со долгогодишно искуство и секогаш производите се со врвен квалитет, се наш прв избор. Маринираните печурки кои ги произведува Бонум, се 100% природни и не содржат конзерванси. А тоа ни е најважно!

Шампињоните приготвени со динстање се одлична замена за меленото месо во сосови за тестенини, затоа што ја намалуваат калориската вредност на сосот, како и содржината на масти. Ставете ги во блендер заедно со кромид, лебни троши и варена леќа, па добиената смеса искористете ја за вегетаријански плескавици. Исто така можете кратко да ги запржите со додаток на зачини и да ги користите како замена за месо во тако и сендвичи. Друг лесен на кој може да ги приготвите е следниот: попрскајте ги со малку маслиново масло, завиткајте ги во алуминиумска фолија и испечете ги на скара додека омекнат.

Ви предлагаме да прочитате: Домашна крем супа од печурки и бело вино.

Сподели: