Ем вкусен, ем здрав – путерот од бадеми е вистински избор кога станува збор за брзите слатки задоволства, а сепак да се запази здравјето и да се внимава на линијата. Не знаете како да го искористите во исхраната? – Ви претставуваме 5 идеи за брзи и вкусни јадења со путер од бадеми.
Без разлика која и да е причината зошто не можете да се посветите на готвењето, запомнете дека секогаш има брзи и лесни, а сепак вкусни јадења за кои е потребно сосема малку време за подготовка. Веруваме дека овие вкусни идеи ќе ви бидат од помош.

Вкусни и здрави колачиња со путер од бадеми
Направете брзи и вкусни здрави колачиња! Во сад измешајте 1 чаша путер од бадеми, 1/4 чаша јаворов сируп, 2 лажици кокосово брашно и 1 лажица какао. Од смесата формирајте бомбици кои може да ги чоколадирате или извалате во кокос. Путерот од бадеми може да го искористите во слатки сендвичи со бискивита и растопено манчмелоу.
Француски тост
За супер интересен француски тост, направете сендвичи со путер од бадеми и џем, а потоа потопете ги во мешавина од јајца и млеко. Пржете во тава неколку минути.
Смути и гранола плочки со богат вкус на бадеми
Путерот од бадеми може да го користите за подобрување на текстурата и вкусот на овошните смути. Исто така, вкусот на здравите гранола плочки може да се подобри со додавање на малку путер. Измешајте путер од бадеми, суво овошје, овес и семиња и добијте гранола плочки.
Сосови и дресинг за салати
Додајте путер во смеса од масло и оцет и искористете го за дресинг на тврди зеленчуци како моркови, кељ и зелка. Исто така може да направите песто сос со мешање на путерот со сечкани зачини, лук и рендан кашкавал.
Направете протеинска супа
Збогатете ги густите супи со протеини само со додавање на путер од бадеми. Бадемот одлично се вклопува со морков и сладок компир.
Препорака од нас:
Од Рајска градина имаат нови производи – путери од јатки, меѓу кои е и путерот од бадеми. Од нивната палета може да изберете и путер од бадеми + ванила, кикирики, кикирики + какао, бадеми + индиски ореви, лешници, лешници + какао, индиски ореви. Набавете го вашиот омилен путер и направете ги највкусните јадења. Путерот од бадеми од Rajska Gradina е одличен избор и за време на диета. А имаме и супер вести! Путерите од Рајска градина се дел од кампањата „Купувам домашно“. Картичките може да ги искористите за да ги набавите и дегустирате путерите. Сите путери може да се најдат во поголемите маркети низ земјата освен во Скопје (наскоро ќе ги има на секаде), а путерот од кикирики е достапен и во маркетите во Скопје.
Ви препорачуваме да прочитате: Чај и сируп од ловоров лист против кашлица и болки во грлото.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.