Сончевите денови полека заминуваа, часовникот се помести и полека ги дочекуваме претстојните празници. Со зимското време и намалувањето на сончевите интервали, кај некои луѓе се јавува сезонско нарушување, односно лаички речено, зимска депресија. Ако и вие се соочувате со полошо расположение во зимскиот период, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат во надминувањето на депресијата.
Во зимскиот период поминуваме повеќе време во домот, а излегуваме по потреба. Тоа значително може да влијае на расположението. Покрај подготовката на празниците, која ќе ги разведри деновите, постојат уште неколку начини со кои може да го подобрите расположението.
Помагајте за време на зимскиот период
Ладните денови нека ви бидат мотивација да помогнете онаму каде што е најпотребно. Пронајдете место за волонтирање во јавни кујни или на други места, каде што има потреба од помош. Чувството дека помагате некому, ќе ве исполни и ќе го подобри вашето расположение.
Направете си домашна ароматерапија
Арома терапијата и еден од начините за да се изборите против „зимскиот сон“. Одредени ароми може моментално да ви го подобрат расположението. Особено можеме да ги препорачаме мирисните ноти на цитрусните овошки кои потсетуваат на лето и сонце и се едни од најдобрите за оваа цел. Некои истражувања покажале дека мирисањето на цитрусна арома делува како антидепресив на мозокот. Депресијата може да ја победите и со мирисот на егзотичните ружи, жалфија, пеперминт…
Бидете физички активни и дружете се со пријателите
Иако времето е поладно, тоа не значи дека треба да престанете со физичка активност. Овој период изберете забавна активност, како часови за танцување или пак со пријателките договорете се барем еднаш неделно да организирате забава со танцување во вашите домови. Музиката има големо влијание врз човековите емоции, па затоа слушајте што повеќе песни и играјте.
Може да ве интересира: Со физичка активност до подобро здравје.
Ако имате зимска депресија, не заборавајте на овошјето и зеленчукот
Детоксикацијата на организмот во зима е многу важна, иако не обрнуваме внимание на калориите. Пред да започне сезоната на празниците и славите, потрудете се да го прочистите организмот од непосакуваните штетни материи. Збогатете ја исхраната со шарено овошје и зеленчук и надоместете ги витамините и минералите, чиј недостаток може да биде причинител на за појава на сезонска депресија.
Радувајте се на снежната идила и празниците
Добро спијте, не се прејадувајте и радувајте се на убавите моменти кои ги носи зимата, а тоа се снежната идила, празниците и собирањето на семејството.
Ви предлагаме да прочитате: Храна која помага при депресија и лошо расположение.