како да ги зајакнете коските 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 5 лесни совети да ги зајакнете коските

Коските веќе после 30-тата година полека слабеат и им се намалува густината. Тоа е нормален и природен процес за кој не е потребно да се земаат лекови. Со здравиот начин на живот и добра исхрана, и тоа како може да ги зајакнете коските и да ја зголемите нивната густина, а со самото тоа и да спречите опасни скршеници во подоцнежните години. Препорачуваме да ја прочитате содржинава и да ги споделите со вашите пријатели овие неколку совети кои со нас ги споделува Д-р Нела Деспотовска.

Во зрели години сте и стравувате од слабеење на коските и нивно можно кршење? – Ако сте пушач, седите подолго време, пиете лекови, внесувате многу кофеин и консумирате нутритивно сиромашна храна, голема е веројатноста вашите коски да имаат намалена минерална густина. Тоа за жал го зголемува ризикот од скршеници и операции кои сакате да ги избегнете по секоја цена. Но, ако живеете и се храните здраво, внесувате во организмот изобилство од минерали како калциум и магнезиум и физички сте активни, навистина немате причина за страв. Состојбата на вашиот организам во најголема мера зависи од вас самите и стилот на живот, а со тоа самото зависи и здравјето на коските и зглобовите.

како да ги зајакнете коските 2

Практикувајте вежби за сила или брзо одење

За силни и отпорни коски многу е важно редовно да сте во движење, односно да сте физички активни. Ако вашите мускули се слаби поради пасивниот начин на живот, тоа дава дополнително големо оптеретување на вашите коски и зглобови, одосно тие уште повеќе се трошат. Зависно од сопствените предиспозиции и кондицијата, може да практикувате вежби за сила, кревање тежини или вежби со примена на телесна сила, како чучњеви, склекови и сл. Освен што ќе ги зајакне коските и мускулите, вежбањето ќе ви помогне да ја зголемите рамнотежата, што дополнително ќе го намали ризикот од паѓање, скршеници и повреди. Во секојдневниот ритам воведете:

  • Брзо одење
  • Кревање мали тегови
  • Чучњеви и склекови
  • Пливање
  • Јога.

Ако немате никакво искуство со вежбање, почнете пополека и постепено градете ја силата и издржливоста.

Зголемете го внесот на калциум и магнезиум

Сите знаеме колку калциумот е важен за здрави коски. Овој минерал може да се внесе во организмот преку храната или како додаток на исхраната. Извори на калциум се мешунки, бадеми, бразилски ореви, чиа и ленено семе, смокви, портокал, млеко, јогурт и т.н. Недостатокот на калциум ги прави коските порозни, слаби и подложни на кршење, што може да доведе до остеопороза или артритис. Во градба на цврсти коски ќе ви помогне и калциум цитрат кој се апсорбира лесно и брзо.

Calcium Citrate е лесно сварлива и апсорблива форма на калциум, минерал кој е неопходен за одржување на здравјето на коските. Витамин Д, магнезиум, цинк, бакар и манган се присутни во производот поради нивната есенцијална улога во метаболизмот на коските. Calcium Citrate претставува:

  • поддршка на здравјето на коските
  • синергетска формула за нормални коски со минерали и витамин Д
  • високо биодостапен калциум
  • вегетеријански/веган производ, вез ГМО.

Покрај калциум и фосфор, за здрави коски важен е и внесот на магнезиум. Магнезиумот го има во леќата, брокулата, спанаќот, во тофу, семки од тиква и сончоглед. Магнезиумот е минерал од клучно значење за производство на енергија и за метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими.

Недостатокот на овој минерал може да го надополните со зголемување на внесот на храна богата со магнезиум. Но, често се случува исхраната да не е доволна за регулирање на нивото на магнезиум во телото, па е потребно да се внесе како додаток на исхраната. Како додатоци со проверен квалитет, ви ги препорачуваме Magnesium меки капсули и Magnesium Citrate на NOW. Magnesium меките капсули и Magnesium Citrate придонесуваат за:

  • намалување на заморот и исцрпеноста
  • за електролитна рамнотежа
  • нормален енергетски метаболизам
  • нормално функционирање на нервниот систем
  • нормална мускулна функција
  • нормална синтеза на протеини
  • нормална ментална функција
  • одржување на здрави коски
  • одржување на здрави заби.

Magnesium меките капсули во својот состав содржат магнезиум цитрат, малат и глицинат. Една таблета Magnesium Citrate содржи 200 мг магнезиум од магнезиум цитрат. Производите не содржат ГМО и се наменети за вегетаријанци и вегани.

Преминете на алкална диета

Истражувањата покажале дека губењето на коскена маса е побрз ако организмот е во кисела средина. Значи, за силни коски важно е да консумирате алкални намирници, односно оние кои ја големуваат алкалната средина во организмот. Консумирајте јагоди, праски, малини, ананас, лимон, диња, капини, морков, брокула, кромид, карфиол, рукола.

Намалете го стресот и опуштете се

Бројни истражувања покажале дека претераната загриженост, вознемиреност и стрес влијае на вашите коски. Најдете начин на релаксација кој ви помага и ве опушта. Тоа може да биде јога, медитација, масажа, седење во тишина, читање или прошетка во природа.

Внимавајте на внесот на витамин Д

За да ја подобрите апсорпцијата на калциум во организмот, земајте и витамин Д. Овој нутриент, познат како сончев витамин, е и тоа како важен за здравјето на коските. Недостатокот на витамин Д ќе го спречите со изложување на кожата на сонце барем 20-тина минути дневно. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Бидејќи има периоди кога изложеноста на сонце е намалена, тогаш се препорачува употреба на витамин Д3 како додаток на исхраната. Дополнителен внес им се препорачува и на лица над 60 години.

Како додаток на исхраната, ви го препорачуваме NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула од 1000 ИЕ или 10 000 ИЕ и маслен раствор од 400 ИЕ или пак 1000 ИЕ. NOW® Vitamin D-3 придонесува за:

  • поздрава кожа и коса
  • посилни коски
  • подобра состојба на забите
  • подобро расположение
  • зголемена енергија и концентрација
  • посилен имун систем.
витамин д3 меки капсули

Споменатите додатоци на исхраната може да ги нарачате со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс, а истите се достапни и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Витаминот К2 може да го подобри здравјето на коските и превенира остеопороза.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: