Сигурно и вие често пати сте се запрашале кои се најдобрите зачини за подготовка на свинско месо. Одговорот на ова прашање е различен и тоа зависи од повеќе фактори како што се парчето месо, начинот на подготовка, содржината на масти во месото… Тоа беше наша мотивација да го приготвиме овој водич за избор на зачини, кој веруваме дека ќе ви биде од голема корист. Лук, рузмарин, ким… еве кои зачини ги препорачуваат врвните готвачи!
Зачините го интензивираат и надополнуваат вкусот на свинското месо. Но, дали знаете дека на вкусното и квалитетно свинско месо не му се потребни многу зачини? Сме пробале месо од различни производители, но нам омилено ни е свежото свинско месо на Агриа. Месото е со врвен квалитет, пријатен мирис и вкус, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Затоа, следен пат набавете свежо свинско месо од месарниците на Агриа или маркетите на Тинекс и Рамстор. Додајте малку зачини и уживајте во гурманскиот специјалитет.

Изборот на зачини зависи од парчето месо и начинот на подготовка
Различните делови на свинско месо имаат и различни карактеристики и својства. За почеток треба да знаете што ќе приготвувате, дали тоа ќе биде бут, плешка, ребра или кременадли. Потоа, како ќе го приготвувате месото? – Некои зачини подобро е да се додаваат кога месото се вари или динстува, а други кога се пече или подготвува на скара. Па, ајде да започнеме!
Тајната на виенскиот гулаш се крие во кимот
Дали знаете дека тајната на познатиот виенски гулаш се крие во кимот? Штом се додаде во јадења со свинско, кимот дава слатка арома на анис, дополнета со ноти на јаткасти плодови. Идеално одговара со мрсно месо, а го збогатува вкусот на удината. При подготовка не се препорачува да се комбинира со други зачини. Исклучок се зачините од истата фамилија како што е куминот. Кимот може да се додаде врз парчето месо пред печење, во чорби и гулаш.
Кумин – малку познат кај нас, а широко застапен во бугарската кујна
Куминот е зачин кој го запознавме пред неколку години при дегустација на храна од бугарската кујна. Вкусот на тамошните ќофтиња и ќебапи многу се разликува од македонската скара, па ни привлече внимание да истражиме и да дознаеме кој е зачинот што се користи за подготовка. Одговорот беше кумин. По изглед наликува на кимот, но има различна арома. Куминот е сенаменски зачин кој може да ги интензивира вкусовите и подобри квалитетот на скоро секој оброк вклучувајќи го и свинското месо. Може да се комбинира и со други зачини, а совршено се вклопува со помрсни парчиња на месо, мелено месо како и со удина. Исто така, куминот може да се додава во месото при печење, подготовка на скара или во чорби. Па следен пат штом правите скара, посетете ги месарниците на Агриа, набавете мелено месо, зачинете го со кумин и дегустирајте ја интернационалната кујна.
Лукот е есенцијален зачин за секое вкусно јадење
Интензивно изразениот сулфурен мирис на лукот и умами вкус, го прави есенцијален зачин за секое вкусно јадење. Заедно со свинското месо, дава одлична разновидна нота на другите зачини. Користете свеж за подготовка на сосови и лук во прав за подготовка на месо на скара или чадено свинско.
Рузмаринот е најпознат зачин за свинско месо кој го збогатува вкусот
Кога се комбинира со лук или други зачини, рузмаринот во голема мера го збогатува вкусот и квалитетот на свинското месо. Тој е ароматичен и одлично ги подобрува сите јадењата со месо. Може да се додава свеж или сушен во маринади, а е идеален за подготовка на печено месо и скара.
Ѓумбирот во комбинација со свинско месо ја доловува азиската кујна
Иако овој зачин најчесто го поврзуваме со Азиската и Карипската кујна, неговиот пикантен вкус може да го неутрализира вкусот на свинското месо. Совршено се вклопува со сите останати зачини од оваа листа. Па така, свежиот ѓумбир може да се користи рендан или сечкан и да се додава во сосот за готвење, додека ѓумбир во прав може да го нанесете дирекно врз парчето месо.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.