посни салати со компири

5 рецепти за посни салати со компири

Компирите може да се приготват на различни начини, печени, пржени, за салата… А кога сме кај салатите и постите ни дојде идеа да направиме листа на најдобрите рецепти кои се објавени на sezahrana.mk. Во продолжение прочитајте ги најдобрите посни салати со компири.

Посна салата со компири и кромид

Да, токму оваа салата со компири и кромид е онаа традиционална која често се служи со риба за време на пости. Не дека едноставно се приготвува, туку нејзиниот вкус кој се предава од генерација на генерација е доволен мотив да го споделиме рецептот за да остане во архива и да биде лесно достапен за сите. Потребните состојки и начинот на подготовка на салатата, прочитајте го тука.

посни салати со компири

Медитеранска салата со компири и домати

Можеби најпозната ви е салатата со варени компири и кромид, но сега испробајте нешто ново. Станува збор за салата со компири и домати, приготвена со маслиново масло и оригано. Совршен медитерански вкус за сечија трпеза. Посна, без глутен и здрава! Рецептот за салата, прочитајте го на линкот.

Посна руска салата

Голем број на семејни свечености, куќни слави, имендени, родендени се слават во време на пости, за што домаќините подготвуваат посни богати трпези. Секоја трпеза ја красат различни посни јадења, салати и десерти. Токму за ваквите прилики ви предлагаме домашен рецепт за посна руска салата.

„Ермоса“ салата со компири, корнишони и моркови

Брза и лесна салата за ручек или вечера! Името на оваа салата доаѓа од шпанскиот збор „Hermosa“, што во превод значи убава. Нашата читателка Елена ни го испрати овој одличен рецепт за вегетаријанска салата со компири, кисели краставички, моркови и кромид, зачинета со масло и ситно сечкан магдонос.

Брза посна компир салата со авокадо и спанаќ

Повкусна од што изгледа! Често сме навикнале да јадеме компир салата, но ретко ја подготвуваме на малку покреативни начини. Овој рецепт за брза посна компир салата има баш таква намена, да го израдува нашиот стомак и да го размрда секојдневното мени! Рецептот за оваа салата, прочитајте го тука.

Како ви се допаѓа нашата листа со најдобрите посни салати со компири? Ако имате ваш испробан рецепт за посна салата со компири, слободно споделете го во групата на Сѐ за храна на Facebook.

Ви предлагаме да прочитате: 9 лесни и посни рецепти со компири.

Сподели: