Тајната за губењето на вишокот килограми не се состои само од придржувањето кон одредена диета со храна, исто така тоа зависи и од она што го пиете. Прочитајте кои напитоци за слабеење би биле навистина корисни за побрзо да стигнете до витка линија и фит тело.
Освежителен сок од лубеница и лимон
Супер летно освежување! Ваков сок сигурно немате пробано. Лубениците уште малку ќе ги имаме на пазарите, па вреди да ги искористиме и да се почестиме со освежителен сок од лубеница и лимон. Лубениците се природен диуретик и го помагаат слабеењето. Содржат помалку од 50 калории на 150 грама, а високата содржина на вода поволно делува на варењето на храната и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Лимонот е на самиот врв на листа на намирници кои содржат најповеќе антиоксиданси. И не само тоа, благодарение на лимонската киселина која ја содржат лимоните се неутрализират токсичните материи и нивнито дејство, се олеснува варењето на храната и се забрзува разградувањето на мастите. Рецептот и подготовката прочитајте ги тука.
Со сок од зеленчук до витка линија
Ако сакате да намалите телесна тежина, да го одржите телото во витка форма и истовремено да сте полни со енергија, вистински избор за освежување и телесно оформување е витамински сок од зеленчук! Најдобар напиток за организмот, а посебно додека сте на диета е водата. Повеќе за сокот можете да прочитате тука.
Уживај во кафето и намалувај ги килограмите
Обично кафето не е голем причинител за зголемување на телесната тежина, меѓутоа многу често за подобар вкус се комбинира со млеко, па се зголемува содржината на калории и масти. Затоа, при ригорозни диети се исклучува консумирањето на кафето. Го препорачуваме најдоброто и највкусно кафе Арабика за кое често може да слушнеме дека се нарекува гурманско кафе. Кафето е добар стимулатор е на централниот нервен систем, а кофеинот го забрзува метаболизмот, со што се намалуваат масните наслаги во телото и ќе се зголемуваат физичките перформанси. Кофеинот во кафето исто така ја подобрува концентрацијата, будноста, вниманието, меморијата и на долгорочен план заштитува од намалување на когнитивните способности на мозокот.
Напиток од мед и цимет за слабеење
За лековитите својства на медот сигурно сите знаат, но за здравствените придобивки од консумацијата на цимет малку се знае. Циметот го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, сојузник е на срцето, стомакот, цревата, а што е најважно, тој е најдобриот зачин за топење на мастите во организмот и еден од наједноставните природни состојки кои помагаат за намалување на килограмите. Комбинацијата мед и цимет ветува лесно и брзо слабеење, а еве го рецептот.
Витамински напиток за слабеење
Ако веќе сте се одлучиле да пиете вода во поголеми количини, барем нека биде вкусна и збогатена со витамини. Повеќето од нас слушнале за т.н. Саси вода, која претставува витамински напиток за слабеење и поради својата ефикасност се раширила насекаде во светот. Се прави од само неколку состојки, лесно и брзо, а сега ви го откриваме и точниот рецепт за обожаваниот витамински напиток за слабеење.
Домашен напиток за слабеење и топење на стомачни масти
Ако сакате да ослабите во делот на стомакот, овој домашен напиток за слабеење ќе придонесе во голема мера за топење на стомачните масти. Бидејќи народната помош често знае да биде навистина ефикасна, ви предлагаме да го пробате овој природен напиток, кој секој може да го направи дома и лесно, а значајни резултати и ефект на видливо слабеење се забележуваат при секојдневна консумација во период од неколку недели. Рецептот и подготовката прочитајте ги тука.
Кој и да го изберите од 6-те напитоци за слабеење, нема да згрешите.
Ви предлагаме да прочитате: 5 пијалаци за брзо слабеење.