магдонос здрава храна

7 здравствени придобивки кои ни ги нуди магдоносот

Веруваме дека магдоносот ви е доста позната билка и често ја употребувате во вашата исхрана како додаток на одредени јадења или салати. Но, дали сте запознати со корисните ефекти за нашето здравје кои можеме да ги почувствуваме со редовна употреба на магдонос во секојдневната исхрана? Доколку сакате да дознаете повеќе за оваа чудесно здрава билка, тогаш ви препорачуваме да го прочитате текстот што следува.

Зачинските билки најчесто се употребуваат за да го подобрат вкусот на храната која ја приготвуваме или да им дадат попривлечен изглед на јадењето кое го сервираме. Магдоносот е еден претставник на овие зачински билки кој е добро познат и употребуван во нашата кујна. Ние ви нудиме дополнителни седум причини за почеста употреба на магдоносот како додаток во вашите јадења и салати.

магдонос здрава храна

Здравствени придобивки од консумирање на магдонос

  1. Магдоносот е богат со многу витамини, вклучувајќи ги тука витаминот Ц, К, Б12 и А. Благодарение на тоа, магдоносот го зајакнува имуниот систем, помага да имате поцврсти коски, а исто така му овозможува и нормална функција на нервниот систем.
  2. Тој е природен диуретик. Магдоносот помага во исфрлање на вишокот течности од телото, односно ја подобрува и поддржува функцијата на бубрезите. Но магдоносот содржи оксалати, па затоа се препорачува умерена употреба кај лица кои имаат проблеми со камчиња во бубрезите или жолчната ќеса.
  3. Редовна употреба на оваа билка може да ви помогне во регулација на крвниот притисок.
  4. Масажата на скалпот со есенцијално масло од магдонос е многу корисна и може да помогне при опаѓање на косата.
  5. Доколку страдате од болки во зглобовите, секојдневно консумирајте магдонос. Тој содржи анти-воспалителни супстанци кои го намалуваат воспалението и болката во зглобовите.
  6. Чајот од магдонос помага во релаксирање на мускулатурата и го подобрува варењто на храната.
  7. Дел од состојките кои ги содржи магдоносот се претпоставува дека се корисни во забавување на растот на некои тумори и поради тоа магдоносот е добар избор за превенција од канцерогени болести.

Ви предлагаме да прочитате: Магдонос – најпознатата зачинска билка во светот.

Сподели: