8 рецепти за зимница со пиперки - ајвар, малиџано, лутенка, туршија 1

8 рецепти за зимница со пиперки – ајвар, малиџано, лутенка, туршија

Погледнете ја нашата колекција од рецепти за зимница со пиперки! Има избор за сечиј вкус, слатко, луто, со зачини и зеленчук, крцкаво мезе, разни рецепти за сите нас.

Везенки – печени пиперки во тегла

Зимата не би била иста доколку во неа не уживаме во еден од омилените зеленчуци на македонскиот народ, а тоа се пиперките. Во оваа прилика споделуваме со вас традиционален рецепт за везенки без конзерванси кој ни го припреми Даниела, а сме го пробале навистина многу домаќинства. Кликнете тука за рецептот.

Рецепт за пеглани пиперки

Можеме да кажеме дека Македонија е земја на пиперките. Традиционално, низ годините голем број на домаќинки припремат најразлични специјалитети и зимница. Освен вкусниот ајвар, познатата лутенка, од убавите големи црвени пиперки, познати како ками се припрема еден рецепт кој е познат како пеглани пиперки.

8 рецепти за зимница со пиперки - ајвар, малиџано, лутенка, туршија 2

Рецепт за вкусна лутеница со кинати пиперки

Овој македонски специјалитет може да се сретне како лутеница, лутенка или лутица. Како и да се нарекува во вашиот крај, препознатлив е по пикантната арома на печените лути пиперки, дополнета со сос од домати и лук. Домашната лутеница со кинати пиперки е одлична за појадок со парче сирење. Може да ја испржите со јајца или да ја послужите како мезе со печен леб. Па, еве како ние правиме лутеница со кинати пиперки секоја есен.

Рецепт за највкусна домашна лутенка

Кога станува збор за специјалитетите од пиперки, тие се меѓу омилените зимници во секој дом! Меѓу нив се вбројува и превкусната домашна лутенка која се карактеризира со малку киселкаст вкус споредено со ајварот. Тоа се должи на нејзиниот состав, а рецептот кој е проверен го споделуваме на овој линк.

Малиџано од црвени пиперки

Малиџано е вкусен специјалитет кој ние обожаваме да го јадеме во текот на зимата, а знаеме дека рецептот варира зависно од навиките во различните краеви на нашата земја. Секој има свој начин на подготовка, а ние ви го предлагаме нашиот испробан рецепт за малиџано, кое го правиме од црвени пиперки и неколку други состојки. Прочитајте го рецептот.

3 традиционални рецепти за ајвар

За сите кои оваа есен ќе прават вкусен намаз од пиперки, им подготвивме листа со 3 традиционални рецепти за ајвар кои се испробани во нашата кујна. Зелен ајвар, ајвар на македонски традиционален начин и ајвар со модри патлиџани и моркови. Прочитајте ги рецептите тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Бројни причини за повеќе да јадете црвени пиперки.

Сподели: