Зимата не би била иста доколку во неа не уживаме во еден од омилените зеленчуци на македонскиот народ, а тоа се пиперките. Во оваа прилика споделуваме со вас традиционален рецепт за везенки без конзерванси кој ни го припреми Даниела, а сме го пробале навистина многу домаќинства.

Состојки:
- 3 кг везенки
- 1 китка магдонос
- 3 главици лук
- 750 мл бел оцет
- 100 мл масло
- 200 мл вода
- 2 шолји (200 мл) сол
- 3 шолји (200 мл) шеќер
Подготовка:
- Најпрво везенките се мијат и им се потсекуваат дршките.
- Водата, оцетот, солта, шеќерот и маслото се ставаат во длабок сад на оган за да зовријат. Кога ќе зоврие смесата температурата се намалува и се остава да вари на тивко.
- Пиперките се потпекуваат по малку од двете страни и додека се топли се ставаат во солилото на оган.
- Се вадат од солилото и се редат во чисти и суви тегли. Се ставаат два реда пиперки, а потоа се додаваат магдоносот и лукот. На секои два реда пиперки, постапката се повторува се додека теглите се наполнат.
- При редењето, печените везенки се притискаат со лажица. Откако теглите ќе се наполнат со пиперки, се додава солилото, а теглите топли се затвораат. Ако количината на солилото не е доволна, може дополнително да додадете оцет.
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.