Бронхитисот е многу непријатна и прилично сериозна здравствена состојба која настанува после воспаление на бронхијалната туба во градниот кош. Постојат два видови на бронхитис, хроничен и акутен, а денес ви откриваме некои од најефикасните народни лекови против бронхитис воопшто, кои се ефикасни и во двата случаеви.
Акутната форма на бронхитисот обично трае пократко и се карактеризира со воспаление на грлото и трае додека бронхитисот не ги зафати и синусите. Бронхитисот е многу честа појава, а процесот на негово излекување го успоруваат лошите навики како што се пушењето и претераната консумација на алкохол. Па, доколку и вие мака мачите со бронхитисот пробајте некој од овие народни лекови кои докажано помагаат против оваа болест.

Кромид
Кромидот е многу силен борец против бронхитис, а тоа се должи на високата концентрација на активни супстанции во неховиот состав, кои го разредуваат секретот и го спречуваат неговото повторно појавување. Сѐ што треба да направите е наутро на празен стомак да изедете една лажица сок од црвен кромид.
Ѓумбир
Ѓумбирот е една од најздравите намирници на светот, а ќе ви помогне и во лечењето на бринхитисот. Најголем ефект има доколку се комбинира со црн пипер и каранфилче. Помешајте сок од ѓумбир со еднаква количина на црн пипер и каранфилче во прав, па оваа мешавина користете ја како додаток за чај или комбинирајте ја со мед. Консумирајте ја неколку пати на ден. Овој лек според тврдењето на многумина кои веќе го пробале, е еден од најдобрите лекови за бронхитис, а исто така помага и за намалување на покачена температура и го забрзува метаболизмот. Еве и еден супер рецепт за тоа како да си направите ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип.
Бадеми
Емулзијата од бадеми е исто така многу ефикасен лек против бронхитис, а ќе ја направите така што ќе ги измелите бадемите и ќе ги помешате со малку сок од портокал или лимон. Од оваа емулзија се консумира по една лажица на ден.
Спанаќ
Сокот добиен од свежи листови спанаќ помешајте го со мед и вода. Оваа мешавина е многу ефикасна во битката со бронхитисот, а се консумира еднаш во текот на денот.
Куркума
Куркумата е намирница која помага во лечењето на многу болести, а бронхитисот е само една од нив. Доколку сакате да го излечите бронхитисот со куркума, сѐ што треба да направите е да измешате една лажица куркума во прав со чаша вода или млеко и да ја испиете течноста наутро на празен стомак. Доколку сакате може и да си подготвите златно млеко со куркума кое е корисно и за многу други здравствени состојби.
Сок од зелка
За да си помогнете во битката со бронхитисот консумирајте две чаши сок од зелка во период од три дена. За тоа време ќе забележите огромно подобрување на симптомите предизвикани од бронхитис. А, еве и еден навистина едноставен рецепт за сок од зелка.
Портокал
Сите оние кои боледуваат од бронхитис би требало да пијат сок од портокал разблажен со вода неколку пати на ден, во период од најмалку два дена.
Сигурно ќе ве интересира: Како да изберете најдобри портокали за цедење на сок?
Сусам
За таа цел подгответе си мешавина од сусам, лажица мед, малку сол и лажица ленено семе. Исто така, можете да консумирате и сусам во прав растворен во вода.
Ленено семе
За разлика од сите погоре наведени намирници кои за лечење на бронхитис треба да се консумираат, ленот се користи за облоги кои се ставаат во пределот на градите. За да направите облога од лен, треба да прелиете една чаша семки од лен со жешка вода, па да ги варите кратко време. Вака добиената смеса, нанесете ја на вашиот граден кош пред спиење, две вечери по ред.
Ви препорачуваме да прочитате: Направете прав од кора на портокал и искористете го против лош здив, бронхитис или за нега на лицето.