Беровско-тавче

Беровско тавче

Уникатната комбинација на месо, кашкавал и зеленчук, во прекрасен специјалитет кој може да го послужите како главно јадење. Оваа тава е препознатлива за Беровскиот крај, а ние со големо задоволство го споделуваме рецептот со вас. 

Беровско-тавче

Состојки:

  • 1 кг сечкано свинско месо
  • 1/2 кг мелено месо (топчиња со големина на орев)
  • 100 гр кашкавал
  • 200-300 гр сечкана чадена сланина
  • 500 гр печурки
  • 4-5 суви пиперки
  • 3-4 главици кромид
  • 500 мл доматно пире
  • 200 мл црвено вино
  • зачини се додаваат по вкус (сол, црн пипер и други по желба).

Подготовка:

  1. Во тава се ставаат сечканото свинско месо, топчињата од мелено месо, чадената сланина, печурките, сувите пиперки и кромидот и сите заедно се пропржуваат.
  2. Потоа се додаваат зачините, доматното пире и виното и се лесно се меша.
  3. Тавата се става во рерна загреана на 180-200 степени, за време од околу 1 час.
  4. Пред да ја извадите од рерна, се додава ренданиот кашкавал и се остава уште 5-10 минути за убаво да се стопи и малку да се потпечи.

На овој начин се подготвува надалеку познатиот специјалитет кој се нарекува Беровско тавче и се сервира како главно јадење. Вкусот е многу убав и потсетува на традиционалниот дух на македонската кујна. Пробајте и вие, нема да се каете!

Рецептот го испратил: Марија Митревска.

Сподели: