Сакате чист дом без бактерии и вируси? – Најважно што треба да знаете за уништување на микроорганизмите во домот, е како правилно да се направи чистење и дезинфекција на облеката, како и просториите, предметите и површините кои најчесто ги користите и допирате.
Дали размислувaте што вкусно ќе подготвите за празниците кои доаѓаат? Дали се одлучивте какви колачиња да направите за вашите најмили? – Ние ви предлагаме да подготвите дански путер колачиња кои ќе ви ја разубават трпезата. Рецептот го најдовме на инстаграм блогот на нашата пријателка Радица, па со задоволство го споделуваме со вас.
Не знаете каков посен десерт да подготвите? Нашата пријателка Елизабета ни сподели одличен рецепт за претстојните празници. Посна баклава со ф’стаци која ќе ја краси празничната трпеза.
Ноември е месец на машкото здравје! Под овој термин, се подразбираат сите здравствени проблеми кои се јавуваат кај машката популација. А, повеќе пати сме спомнале, превенцијата и раното откривање на болестите се клучот за долг и квалитетен живот. Негата преку исхраната и уште неколку други корисни навики, можат да придонесат во зачувувањето на вашето здравје ако сте маж, или текстов и тоа како ќе ви користи, ако вашата грижа и љубов се насочени кон вашиот син, сопруг, внук, пријател или роднина. Најмалку важна е врската и сродството, она што е најважно, е дека сите имаме некој кого го сакаме и му посакуваме добро. Токму затоа, на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ви откриваме 7 нејзини совети за здравјето на мажите, кои ве охрабруваме да ги споделите со вашите ближни.
Празниците се наближуваат, па ако сте во потрага по ситни колачи кои ќе ја збогатат вашата трпеза имаме одличен рецепт. Брзи и вкусни чоколадни бомбици со ореви кои се прават за 10 минути. Постапката е едноставна, а вкусот совршено добар!
Време е за нешто топло и кремасто! Ви предлагаме да направите супа од карфиол која ќе ве стопли во ладните денови и ќе ви го зајакне имунитетот. Се подготвува брзо и лесно, а вкусот ќе измами насмевка кај вашите најмили. Рецептот го најдовме на Инстаграм блогот на нашата пријателка и нутриционист Симона. Сигурни сме дека ќе го обожавате и ќе го подготвувате често.
Здравјето на децата е врвен приоритет за родителите! Во период на вируси, особено сега во време на пандемија со коронавирус, силниот имунитет може да го заштити детето од непријатности и дополнителни ризици кои ги носат вирусите. Што можете вие како родител да направите за да го заштитите вашето дете? – По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, а тоа е 20-ти ноември, направивме мало истражување и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Од разговорот споделуваме неколку совети за превенција од настинки и корисни препораки за силен имунитет на вашето дете.
Есента е период од годината кога поради промена на климата доаѓа до појава на вируси. За да се „спасите” од настинки и вируси потребно е да внесувате доволно витамини и минерали преку разновидна исхрана. Искористете ги придобивките на следните есенски намирници за да го зајакнете имунитетот и спремни да ја дочекате зимата.
Вистинско уживање за есенските утра! Искористете ја максимално сезоната на тиквата и направете појадок кој ќе ја краси трпезата. Овие декоративни и вкусни тиквички од тесто сигурно ќе бидат омилени и на најмалите. Рецептот го најдовме на инстаграм блогот на нашата пријателка Марија, па со задоволство го споделуваме со вас.
Ако сте љубител на колачи прелиени со шербет, ова е вистинскиот рецепт за вас! – Ви откриваме стар традиционален рецепт за татлии, кој сигурни сме дека ќе ви се допадне и ќе сакате да го пробате. Не е потребно многу време за подготовка, а ќе добиете одлично слатко задоволство!
Време е за вкусот на традицијата! Конечно започнува периодот кога сармата ќе биде застапена на трпезите. Сигурни сме дека сите домаќинки имаат свои стари рецепти за подготовка на сарма кои се пренесуваат со генерации. А денес ќе ви помогнеме да ја збогатите вашата ризница со уште еден неверојатно вкусен рецепт за сарма со кисела зелка.
Тиквата е една од ѕвездите на есенското мени, а кога од неа ќе подготвите вкусен десерт тоа ќе биде полн погодок! Од тиквата може да се направат голем број на јадења, солени или слатки! Во оваа прилика ви предлагаме да направите куглоф со тиква и цимет за максимално уживање во вкусовите кои ни ги носи есента.
Една од најчестите болести предизвикани од современиот начин на живот е дијабетесот. Причините за за нејзината појава се различни: од наследни фактори, до нездравата исхрана и акумулиран стрес. Што е најжално, оваа состојба, влијае и е се почеста и кај младата популација., па затоа посветуваме посебно внимание за кревање на свесноста, со акцент на превенција пред лекување. Луѓето кои страдаат од дијабетес треба да бидат посебно внимателни за целокупното здравје, бидејќи имаат зголемен ризик од голем број компликации. Високиот шеќер во крвта (гликозата) може да ги повреди нервите низ телото, а најчесто ги оштетува нервите на нозете и стапалата. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објаснува што е дијабетична невропатија, како да ја препознаеме и што може да се направи за да се спречи.
Ако ви е здосадено од комплицирани рецепти и од тоа да поминувате часови во кујната за да подготвите ручек кој ќе биде вистински специјалитет, тогаш вие сте на вистинското место! Испробајте го овој едноставен рецепт за печено свинско месо кој се прави со само неколку состојки. Откако ќе го пробате, сигурно ќе биде еден од вашите омилени рецепти.
Идеален рецепт за посна слава! Празниците започнуваат, па сите домаќинки се во потрага по брзи и вкусни деликатеси кои ќе ја красат трпезата. Овој посен и крцкав похуван ослич во комбинација со помфрит е одличена идеја за богат ручек со семејството и пријателите. Сигурни сме дека сите ќе уживаат во фантастичниот вкус.