похуван ослич

Посен похуван ослич

Идеален рецепт за посна слава! Празниците започнуваат, па сите домаќинки се во потрага по брзи и вкусни деликатеси кои ќе ја красат трпезата. Овој посен и крцкав похуван ослич во комбинација со помфрит е одличена идеја за богат ручек со семејството и пријателите. Сигурни сме дека сите ќе уживаат во фантастичниот вкус.

Осличот е исклучително вкусна риба која дозволува разни начини на припрема и овозможува експериментирање со вкусовите. За претстојните празници ви предлагаме да направите посен похуван ослич кој може да го послужите за ручек или вечера.

посен похуван ослич

Состојки:

  • 500 г ослич
  • 1 ½ чаша брашно
  • 1 чаша пиво
  • 1 ½ лажичка мелена црвена пипер
  • 1 ½ лажичка мешан зачин
  • помфрит
  • масло за пржење.

За похување:

  • брашно
  • лебни трошки.

Подготовка:

  1. Во сад ставете го брашното. Додајте мелена црвена пипер и мешан зачин. Убаво измешајте.
  2. Во садот со брашото постепено доавајте го пивото и мешајте со жица за матење. Густината на смесата треба да биде како смеса за палачинки.
  3. Од осличот исечете филети и отсранете ја коската.
  4. Во посебни садови ставете ги брашното и презлата. Филетите прво извалајте ги во брашно, па во смесата со пиво и на крај во презлата.
  5. Филетите пржете ги во тава со претходно загреано масло, на средна температура додека поруменат.
  6. Во поголема количина на масло испржете го и помфритот.
  7. Похуваниот ослич сервирајте го со помфрит и послужете го. На здравје!

Совети плус:

  • Осличот е риба која лесно се филетира. Ова најлесно ќе го постигнете ако осличот е половично одмрзнат.
  • Похуваниот ослич ќе биде уште повкусен доколку го послужите со посен тартар сос.

Ви препорачуваме да прочитате и: 3 рецепти за подготовка на риба за слава.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: