8 кулинарски трикови кои ќе ве претворат во професионалци 1

8 кулинарски трикови кои ќе ве претворат во професионалци

На секој од нас му се случило некогаш да ја пресоли супата, да направи премасен сос, да нема мраз при рака кога е најпотребен и разни други нешта. Кога секојдневно се готви, некогаш мора нешто да се згреши. Но, добрата вест е што може да се поправи, па еве неколку проверени кулинарски трикови кои ќе ве претворат во вистински професионалци во кујната!

Д-р Нела Деспотовска советува: исхрана и суплементи при хепатоцелуларен карцином

Хепатоцелуларниот карцином е еден од најчестите видови на примарен рак на црниот дроб. Наша читателка се обрати до нас за помош и совети од Д-р Нела Деспотовска. И овој пат ние и нашата читателка особено се заблагодаруваме до Д-р Нела Деспотовска и целиот тим на Тримекс за одговорот и желбата да помогнат за подобро здравје на сите. Во продолжение прочитајте кои се причините и симптомите при хепатоцелуларен карцином, каква исхрана и кои суплементи се препорачуваат. 

витаминот к2

Витаминот К2 може да го подобри здравјето на коските и превенира остеопороза

Повеќето од луѓето никогаш не слушнале за витаминот К2. Но, треба да знаете дека овој моќен нутриент има есенцијана улога во повеќе аспекти за здравјето. За да се запознаеме подетално со него, направивме истражување за поврзаноста на витаминот К2 со здравјето на коските и остеопорозата. Она што го дознавме го споделуваме со сите!

4 совети против целулит 1

4 совети против целулит и за полесно слабеење

Не постои жена која е имуна на целулит. Ни совршениот индекс на телесна тежина не е гаранција дека нема да имате целулит. Сите кои имаат, знаат дека бара упорност за да се отстрани, но доброто е што не е невозможно. Не се откажувајте, бидете упорни и намалете го што повеќе. Еве неколку корисни совети кои помагаат!

Како најдобро се чуваат млад лук и кромид?

Постојат повеќе методи за зачувување и одржување на свежината и постигнување на што поголема трајност пролетниот млад лук и кромид. Може да се каже дека се едноставни и лесно применливи, а често пати ги занемаруваме, па еве едно мало потсетување.

8 лесни совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста

Може да се каже дека со денешниот начин на живот, за жал стресот и анксиозноста се неизбежни. Често пати слушаме дека стресот го нарекуваат „болест“ на модерното време, што донекаде е и точно. Свесни за сето тоа, истражувавме и баравме решенија кои помагаат, па во оваа прилика ќе ве информираме како да се справите со стресот и да си го подобрите квалитетот на својот живот, што е основа за „подобро утре“.

бели дамки на ноктите

4 причини за појава на бели дамки на ноктите

Украс на убавите раце се негувани и здрави нокти, кои се одраз на здраво тело. Но, загрижени сте за белите дамки на ноктите? Знаете ли кои се причините за појава на бели дамки на ноктите и што може да направите за да си помогнете? Прочитајте во текстот кој следува.

даска со сирења

Сирења со врвен квалитет и соодветно вино – идеален рецепт за префинето мезе

За да направите врвна даска со сирења со која ќе ги воодушевите гостите или партнерот на некоја романтична вечера, потребни ви се малку труд, креативност и се разбира – квалитетни сирења. При подготвувањето на даска со сирења за вистински гурмани, треба да внимавате таа да биде префинета и да содржи сирења со различен вкус и шмек. А тоа ќе го постигнете само доколку користите врвни сирења што ќе ги искомбинирате со сушено или свежо овошје, јаткасти плодови, џем или мед. Дополнително, мора да внимавате да ја послужите даската со соодветен пијалак, квалитетно вино или пиво, кои соодветно се комбинираат со сирењата.   

10 примени на содата бикарбона во козметиката 1

10 примени на содата бикарбона во козметиката

Освен што е позната како прехранбен адитив и средство за чистење во домаќинството, содата бикарбона има многу повеќе намени кога станува збор за хигиената и здравјето. Во склоп на козметичката примена, содата може да биде додаток на препаратите или дури и да замени голем број од нив.

пробиотици против хеликобактер

Д-р Нела Деспотовска советува: Пробиотици против Helicobacter pylori

Helicobacter pylori (H. pylori) е бактерија која е одговорна за повеќето улцери (чирови) и воспаленија на желудникот (хроничен гастритис). Бактеријата може да го ослаби заштитниот слој на желудникот, при што дигестивните сокови ја иритираат осетливата внатрешна површина на желудникот. Така, ако сте во потрага по решение за проблемот со Хеликобактер пилори, консумирајте пробиотици. Тие припаѓаат во групата на препорачани природни начини кои може да ви помогнат во отстранување на проблемот. Токму на оваа тема позборуваваме со Д-р Нела Деспотовска. Во текстот таа ни открива зошто се препорачуваат пробиотици против Helicobacter pylori. 

pobedete gi toksicnite emocii od stresot 1

Победете ги „токсичните“ емоции од стресот додека е во акутна форма

Нашето секојдневие е бурно и нон стоп се случуваат нови и разни нешта кои едвај стигнуваме да ги пратиме и „стигнеме“. Во такви услови на општеството, скоро и да нема такви кои не страдаат од стрес и анксиознот. Мотивирани од сето тоа, во овој текст ви откриваме како најдобро да се справите со „токсичните“ емоции од стресот кои доведуваат до отежнато функционирање на организмот!

Справете се со херпесот на устата – совети и домашни методи за помош

Знаете ли која е една од најважните препораки за превенција од вирусот херпес симплекс? – Силен имунитет е одговорот! Колку посилен е имунитетот, толку е помала веројатноста дека ќе се појави херпес на устата или околните делови. Се смета дека со овој вирус се заразуваат скоро сите уште пред 20-тата година. Не преставува траен проблем, но може да предизвика прилично голема локална болка. Затоа, ви откриваме што помага и како најдобро да се справите.

5 начини за ублажување на утрински мачнини во бременост

Мачнините и повраќањето се првите симптоми на бременост и најчесто се појавуваат на утро. Но, за жал многу жени со овој непријатен проблем се соочуваат преку целиот ден. Може да траат неколку недели, месеци, а некои трудници ги чувствуваат до самиот крај на бременоста. Доколку и вие се соочувате со утрински мачнини прочитајте го овој текст и дознајте како може да си помогнете.

najvkusna supa 1

11 совети како да припремите највкусна супа

Можеби мислите дека е лесно, или дека е тешко да се направи највкусна супа! Има неколку трикови и тоа лесно изводливи, а ние ви презентираме дел од нив. Сигурно ќе ви користат оние кои досега не сте ги пробале.

kamcinja vo bubrezi limon limeta 1

Проблемот со камчиња во бубрезите има решение

Камењата во бубрезите се мали цврсти кристали, кои се формираат од супстанциите во урината. Поголемиот дел од нив поминуваат преку системот и ги исфрламе без лекарска помош. Но често пати, се случува, да се наголемат и поради тоа да ги блокираат уринарните патишта и протокот на урината, што предизвикува неудобност, болка и можност за инфекции. Многумина од нашата околина се соочуваат со овој проблем, затоа истраживме и ви потврдуваме дека проблемот со камчиња во бубрезите има решение.