Spirulina Pacifica може да биде здрав дел во секојдневната исхрана на вашите деца 1

Hawaiian Spirulina може да биде здрав дел во секојдневната исхрана на вашите деца

За разлика од другите високо протеински храни, Hawaiian Spirulina е 95% искористлива. Таа преставува модро зелена алга која содржи практично сѐ што е потребно за здраво тело и јасен разум, а одлична е и за растот и развојот на децата!

Содржи 65% протеини, 5% добри масти и нема холестерол. Богата е со витамините (А, Е, Ц, Б групата) и минералите (калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо). Оваа чудесна храна содржи 8 есенцијални аминокиселини, масни киселини, дигестивни ензими. Содржи 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Благодарение на големите количини на фитонутриенти, состојки кои се присутни во мали количини, помага за правилно функционирање на организмот. Фитонутриентите како фикоцијанинот, полисахаридите и сулфолипидите не само што го подобруваат имунолошкиот систем туку го штитат организмот од разни инфекции, бактерии и вируси.

Spirulina Pacifica може да биде здрав дел во секојдневната исхрана на вашите деца 2

Hawaiian Spirulina во прав има можност за широка примена и прилагодливост во разни рецепти

Оваа супер храна може да биде здрав составен дел од секојдневната исхрана на вашите деца. Не треба да се грижите дека ќе им дадете на вашите деца премногу спирулина. Повеќето деца ја сакаат и постојат забавни начини да ја вклучите овој додаток во нивната исхрана. За разни креативни употреби, може да си набавите Hawaiian Spirulina во прав. Така, со неа може да подготвувате вкусни каши во комбинација со нивното омилено овошје, зеленчук или пак да им правите џус.

Спирулината е горивото кое ќе го подобри севкупниот развој и раст на вашето дете

Спирулината е најбогат хранлив извор на гама линоленската киселина која игра многу важна улога за растот и развојот на детето, балансирање на хормонскиот систем во организмот, како и хранење на мозокот и нервниот систем на детето. Таа не само што обезбедува важни витамини и минерали, исто така го зајакнува природниот имунитет на вашето дете, за да му помогне да биде отпорно на кашлици и настинки кои многу лесно се шират помеѓу децата. Сето ова потврдува дека спирулината е горивото кое ќе го подобри севкупниот развој и раст на вашето дете.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Набавката на спирулина со проверен квалитет е и тоа како важна

Поради сите погоре набројани својства, Hawaiian Spirulina ја нарекуваат СУПЕР храна. Hawaiian Spirulina се одгледува и обработува во идеални климатски услови на недопрениот брег на Хавајскиот остров Кона. Ова е единствено место на светот каде поради идеалните климатски услови, чистата вода и воздух, изобилие на сонце и минимални врнежи се произведува во текот на целата година со патентиран процес на производство.

Научните докази ја потврдуваат не само сигурноста на Hawaiian Spirulina, туку и нејзините полезности за здравјето. Hawaiian Spirulina e најмногу и најдобро истражувана хранлива микроалга во светот, сигурна и хранлива, со моќни здравствени полезности.

Spirulina Pacifica може да биде здрав дел во секојдневната исхрана на вашите деца 3

Може да ве интересира: Што важно треба да знаете при изборот на спирулина?

Како се дозира за деца и бебиња?

За мали деца доволно е да им се дава по една таблета, 2-3 пати дневно. За бебиња додадете половина мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав во мала чаша со џус од овошје или зеленчук. Притоа, можете да ја давате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци. Ако ја консумирате редовно ќе забележите промена на енергетските нивоа по 1-3 недели.

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да нарачате директно на вашата адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. За подетални информации кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Др. Нела, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Повелете и неколку испробани предлог рецепти со спирулината во прав:

Ви предлагаме да прочитате: Hawaiian Spirulina – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

*Комерцијален текст

Сподели: