Празниците се при крај, па време е да започнеме со детоксикација на организмот. А тоа најдобро е да го направиме со консумација на супер храна како спирулината, чиа семето, но и свежото овошје и зеленчукот. За да ја постигнете таа цел ви предлагаме одличен рецепт за зелено детокс смути со киви и спирулина.
Еве неколку причини кои ќе ве мотивираат да го направите ова смути.
Киви
Кивито е многу здраво овошје богато со хранливи состојки. Содржи голема количина на антиоксиданси, флавоноиди и фитонутриенти, како и растителни влакна. Овие зелени овошки се добар извор со витамин Ц и витамин Е.
Hawaiian Spirulina
Hawaiian Spirulina го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Содржи сѐ што ви е потребно за здрав живот, повеќе од било кој друг протеин, житарка, растение, алга, билка, витамин. Се нарекува кралица на алгите и супер храна за долг живот.
Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?
Чиа семе
Семето од чиа помага за побрзо поминување на храната низ дигестивниот систем, подобро и полесно празнење на цревата. Благодарение на способноста да го зголемува волуменот на храната за 10 пати, семето од чиа допринесува да се чувствувате сити и доколку сте изеле помала порција на храна.

Состојки:
- 2 киви
- ½ банана
- ½ чаша сечкана краставица по желба
- 10-тина листови спанаќ
- ½ лимон без кора
- 1 лажица чиа семе
- 1 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
- 1½ чаша вода, кокосова вода или растително млеко по желба.
Подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки. Миксирајте додека добиете хомогена смеса. Готовото детокс смути со киви и спирулина послужете го веднаш. На здравје!
Совети плус
Доколку имате блендер со помала јачина, прво ставете ја водата, чиата и спирулината, кратко изблендирајте, а потоа додајте ги останатите состојки, исечкани на помали коцки.
Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во паковања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатана достава.
Ви предлагаме да прочитате: Hawaiian Spirulina – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!