„Кога ми треба брз и лесен десерт за да пречекам гости, а да е вкусно и убаво, оваа брза раванија со кокос ми е прв избор!“- вели Катерина од нашиот тим, која ја приготви превкусната раванија.
„Кога ќе дојде време за припрема на слава, секој од нас сака да ги почести своите гости со најубави и највкусни мезиња и јадења. А, мора да спомнам дека скоро сите ние, секоја година ги повторуваме неколкуте испробани рецепти кои ги знаеме, а желбата да се припреми и послужи нешто ново вкусно е секогаш тука. Па, ви препорачувам да ја пробате оваа испробана и брза посна салата, која со години ја приготвуваме во фамилијата и гостите баш ја обожаваат, а често си ја приготвувам и како оброк за дома!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.
Често пати кога сме гладни помеѓу оброците ја земаме првата храна или напиток кој ќе ни се најде при рака. Притоа, важно е да напоменеме дека ако се трудиме во насока на слабеење, важно е да знаеме како да го „залажеме“ желудникот. Ова го спомнуваме и потенцираме заради тоа што постојат намирници кои го поттикнуваат и појачуваат гладот и никако не можете да го натерате стомакот да има чувство на ситост.
Припремата е многу лесна! Можеби на прв поглед ќе помислите „Леле, колку е долга листата на состојки!“, но тоа воопшто не треба ве плаши, затоа што скоро сите ги имаме во кујната секојдневно. Сé што треба е само да се соединат. А, како што знаете, една од нашите цели е лесна, брза и вкусна кујна, па овој рецепт за лесна чорба од печурки е баш таков!
Може да се каже дека десертите се омилениот дел од големите собиранки со семејството, посетите кај пријателите, кафе дружбите и убавото засладување за време на филмските вечери дома. Секогаш и секаде, најголемиот дел од нас се расположени за добар и вкусен сладок момент на уживање! А ние, љубопитни, моравме да истражиме што побудило најголем интерес и еве кои се најчитаните десерти во изминатата година!
Новото пакување на инстант пирето од компири на Витаминка, ни беше инспирација за подготовка на нова и поинаква мусака, па неизбежно беше да го споделиме рецептот! Брзата мусака со пире од компири особено ќе им се допадне на понеискусните во кујната, кои сега може да направат вкусен и богат ручек за целото семејство со малку труд.
Уживавме и тоа како во светот на вкусовите! Си направивме многу симпатична торта и ја комбиниравме со горко црно кафе. Неизбежно беше да се фотографира и да се пренесе вкусното задоволство, па ве покануваме да ја пробате и вие во вашите домови. Инспирацијата ја најдовме во новите Фрути јафа кекси од праска и приготвивме фантастично добра, вкусна и брза торта! Овој десерт може да го направи секој, а нема да ви одземе ни еден час.
Ние ги обожаваме иновативните рецепти со кои од малку состојки може да направиме интересни и брзи јадења. Блогот на нашата пријателка Лана изобилува баш со такви рецепти – едноставни, превкусни и што е најважно со лесно достапни намирници. За денес, издвоивме за вас еден необичен рецепт за брза пица од леб. Совршена за деновите кога не ви се готви, а сепак сакате да направите нешто вкусно за најблиските.
Ако ви се најават гости и не знаете со што да ги почестите, имам еден баш брз и многу лесен рецепт од мојата кујна! Нема потреба да се грижите, затоа што за кратко време ќе имате вкусна крем салата со јајца и сирење, која многу ќе им се допадне на домашните дегустатори, а и на гостите! – вели Катерина од нашиот тим.
Ако има нешто на кое што без двоумење можеме да дадеме одговор, тоа е прашањето за вкусот кој ни го одбележа детството и кој и ден денес ни е неодолив при секоја дружба и седенка, како мезе пред да се испече скарата, како „најдобар другар“ на сите патувања… Одговорот е ист во сите тие прилики, крцкавиот стоби флипс! Токму тие спомени и уживањето во тој традиционален вкус кое трае и до денес, нѐ мотивира да создадеме нова уникатна комбинација и да откриеме нов вкус преточен во велигденска крем салата со стоби флипс. Препорачуваме без двоумење да ја пробате!