Кој обожава мафини? Време е за нова супер идеја за појадок во топлите летни денови! Во нашата кујна креиравме рецепт за сочни и вкусни мафини со тиквички и пармезан.
Реализацијата на оваа идеја ни беше многу едноставна, а сигурно знаевме дека ќе биде успешна, бидејќи како основа за рецепт, користевме испробан состав од нашата авторка Невена. И заблагодаруваме за бројните прекрасни рецепти кои ги има споделено со сите нас, а вас ве покануваме на сочни мафини со цреши!
Овие мафини од лиснато тесто со спанаќ и сирење може да ги послужите како топло предјадење или како богат појадок за некои посебни денови кога имате повеќе време на располагање. Во секој случај вкусните мафини нема никого да го остават рамнодушен, а тоа е секако најважно. Најголем подарок за оној кој готви се секако задоволните насмевки и позитивните критики на дегустаторите.
Летото е идеално време за дружење, забава и уживање со најдобрите пица мафини! Ви ја откриваме нашата тајна, а тоа се мешавините на Fantasia за подготовка на пица мафини и други слатки десерти. Голема предност е што може да ги направи секој и тоа многу лесно. А освен тоа, нема потреба да се грижите за набавка на хартиените калапи, затоа што и нив ги има во пакувањето!
Сигурно со нетрпение го очекувавте овој ден и се прашувате колку времето брзо изминало, па сега е време да ја прославите матурата на вашето дете. А сон на секој родител е матурската трпеза да изгледа најубаво. За да ви помогнеме при изборот на солени рецепти ви подготвивме неколку предлози и ја споделуваме матурската трпеза која ја приготвивме со инспирација од Vincinni, Natura и Fantasia.
Обожаваме солени мафини, па секогаш ни е добредојден нов рецепт и убава дегустација со најблиските и семејството. Овој пат, инспирација ни беа млечните производи, па рековме да искористиме некои од нив и да приготвиме солени мафини. Така се роди идејата за рецептот за солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал!