пченкарни мафини со кисело млеко

Пченкарни мафини со кисело млеко

Малите, симпатични мафини ги обожаваме за секакви пригоди. За појадок, ужина или како мезе за гости, мафините се идеални, а најважно од сѐ е тоа што брзо и едноставно се приготвуваат. А сега имаме нов рецепт за пченкарни мафини. Приготвени со кисело млеко и копар, за неодолив медитерански вкус.

Идејата ја пронајдовме на блогот Trydiani, а бидејќи ни се допаднаа моравме рецептот да го споделиме со сите. Диана која ги приготви овие мафини, ни кажа дека може да се направат и еден ден претходно, па до сервирањето да се чуваат во пластичен сад со капак. Декорацијата можете да ја направите како сакате, а таа избра крем сирење и филе од лосос.

пченкарни мафини

Состојки за 9-12 мафини:

  • 1 чаша брашно
  • ¾ чаша пченкарно брашно
  • ½ мала лажичка прашок за печиво
  • ¼ мала лажичка сол
  • ¼ мала лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • ½ чаша кисело млеко
  • ¼ чаша газирана вода
  • ¼ чаша растопен путер
  • 3 мали лажички ситно сечкан свеж копар
  • 3 мали лажички капери од саламура по желба
  • рендана кора од лимон по желба.

За гарнирање:

  • 200 грама чадено филе од лосос
  • ½ – 1 чаша крем сирење
  • копар и капери.

Подготовка:

  1. Рерната се загрева на 175 степени. Формите за мафини се премачкуваат со масло.
  2. Во сад за матење се ставаат брашното, пченкарното брашно, печивото и солта. Состојките се мешаат.
  3. Во друг сад се ставаат јајцето, млекото, водата и растопениот путер. Кратко се матат со миксер додека се добие хомогена смеса. Во садот се додаваат кората од лимон, копарот и каперите. Смесата се меша со лажица.
  4. Во садот со брашното се става смесата со јајцата и се мешаат додека се добие хомогена смеса. Формите за мафини се полнат со смесата. Се ставаат да се печат во загреаната рерна за време од 18 до 20 минути. Потоа се вадат од рерната и се оставаат да се изладат околу 5 минути. Маффините се вадат од калапите и се оставаат да се изладат комплетно.
  5. Пред сервирање им се сечат врвовите за да се создаде рамна површина. Мафините се гарнираат со филето од лосос и лажичка крем сирење.

Ви предлагаме да прочитате: Солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал.

Сподели: