На блогот Kuhinjica Mignone го забележавме рецептот за солена торта со коцки леб, кашкавал и сланина, се воодушевиме од сликите и посакавме да го направиме.

Ако барате лесен и брз рецепт за совршено мезе со пријателите ви предлагаме да направите посни солени бомбици. Покрај тоа, совршено се вкопуваат на секоја празнична трпеза. Бидете креативни и додадете состојки по ваш избор, како кисели краставички, печурки или маслинки. Експериментирајте и забавувајте се во кујната!
Денешниот стресен и ангажиран начин на живот води до голем број здравствени потешкотии, а проблемот со проширени вени е една од нив, посебно кај женската популација. Лековиот и природен рецепт кој следи во прилог го пробале многу жени и тврдат дека им помогнал во решавање или барем намалување на нелагодностите поврзани со проширени вени.
Ако сакате да го изненадите семејството или пријателите, подгответе домашен бурек со готови кори. Домашниот бурек е одличен предлог за појадок во комбинација со чаша јогурт. На блогот Trydiani го пронајдовме овој рецепт за бурек со готови кори кој сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас. Многумина го пробаа, пробајте го и вие овој сочен и вкусен специјалитет кој го обожаваат сите генерации!
Од кујната на Марија Кочовска! „Превкусна и брза посна салата со макарони и зеленчук. Секоја трпеза време на пости или куќни свечености ја красат вкусни салати. Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви се најавиле гости или имате некоја свеченост, ви предлагам да ја пробате оваа посна салата со макарони и зеленчук.“ – вели Марија.
„На љубителите на кокос, рафаело бомбиците им се сигурно омилениот десерт. Затоа ви предлагам да го пробате овој едноставен рецепт за подготвување на посни рафаело бомбици на кои никој нема да остане рамнодушен. Потребни ви се 15 минути да ги припремите, а се подеднакво вкусни како и рафаело бомбиците кои се приготвуваат со млеко, и што е важно, не содржат маргарин!“ – вели Марија од нашиот тим.
Интересен и несекојдневен рецепт за меки „пијани“ палачинки. Нашата пријателка Диана, од блогот Trydiani го припреми овој рецепт, кој сигурно ќе ви се допадне и вас. Пијаните палачинки одлично се комбинираат со солен или сладок фил. Доколку сте љубител на благи палачинки, како фил ставете нутела и овошје. А ако повеќе ви се допаѓаат солени палачинки, истите послужете ги со крем сирење и зачини.