лазања

Лазања со печурки, модар патлиџан и тиквичка

Постојат голем број рецепти за лазања и многу различни варијации на ова популарно италијанско јадење. А, ако немате идеја што да приготвите за ручек, ви предлагаме да ја направите оваа сочна вегетаријанска лазања со печурки, модар патлиџан, тиквички и моцарела.

Начинот на подготовка е лесен и едноставен, а вкусот е вистинскo уживање. Вреди да се проба!

лазања

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 2 чаши свежи сечкани печурки
  • маслиново масло
  • 4 чаши маринара сос (во замена може да користите доматен сос)
  • 12 кори за лазања
  • 30 грама изварка (урда)
  • ½ чаша рендан пармезан (во замена може да користите овчи кашкавал)
  • 1 јајце
  • 1 лажица оригано
  • 2 мали лажички сушен босилек
  • 1 чешне ситно сечкан лук
  • 3 чаши рендана моцарела (во замена може да користите 200 грама рендан кашкавал).

Подготовка:

  1. Модриот патлиџан добро измијте го и исечете го на кругови со дебелина од околу 7-8 мм.
  2. Тиквичката измијте ја и исечкајте ја на тенки ленти.
  3. Загрејте ја рерната на 220 степени.
  4. Во плех или поголема тава ставете хартија за печење. Парчињата модар патлиџан и тиквичка, премачкајте ги со масло од двете страни и наредете ги во тавата. Печете ги за време од 15 до 20 минути, односно додека омекнат и започнат да добиваат кафеава боја. Потоа, тавата извадете ја од рерната и оставете го зеленчукот да се лади.
  5. Температурата во рерната, намалете ја на 190 степени.
  6. Во длабок сад ставете ја изварката, пармезанот, јајцето, ориганото, босилекот и ситно сечканиот лук. Добро измешајте ги состојките за да се добие хомогена смеса.
  7. Во правоаголна тава со димензии 30*20 см, ставете 1 чаша од маринара сосот. Врз сосот ставете 4 кори за лазања, а потоа нанесете 1/3 од приготвениот фил со изварка. Врз филот со изварка, наредете ги парчињата печен модар патлиџан и поросете со 1 чаша рендана моцарела. Врз моцарелата распоредете 1 чаша маринара сос, па наредете 4 кори за лазања. Врз корите нанесете 1/3 од филот со изварка, а потоа наредете ги печените тиквички. Врз тиквичките ставете 1 чаша рендана моцарела, а потоа додајте 1 чаша маринара сос. Врз маринара сосот, ставете ги преостанатите кори за лазања, додајте го филот со изварка и наредете ги сечканите печурки. На крај ставете ја последната чаша маринара сос и додајте ја преостанатата моцарела.
  8. Приготвената лазања, прекријте ја со алуминиумска фолија и печете ја во загреаната рерна на 190 степени за време од 55 до 60 минути. Потоа, отстранете ја фолијата и печете дополнителни 5 минути. Печената лазања извадете ја од рерната и оставете ја да се излади за време од 15 минути. Потоа исечете ја на парчиња и послужете ја додека е топла. На здравје.

Ви предлагаме да прочитате: Лазања со мелено месо и бешамел сос

Сподели: