вегетаријански-плескавици-2

Вегетаријански плескавици од спанаќ и маслинки

Лесно и брзо направете вегетаријански плескавици од спанаќ и маслинки. Здрав рецепт, а комбинацијата од спанаќ и маслинки, сигурно ќе им се допадне на многумина. Ние ги направивме, дегустиравме и потврдуваме дека се одлични. Пробајте ги!

Спанаќот е одлична храна, достапна за секое семејство и еден од најпопуларните зелени лиснати зеленчуци. Можноста да се купи во секој период од годината овозможува негово максимално користење во разни специјалитети, а со тоа нашиот организам постојано ја ужива неговата здравствена корист. Маслинките ги содржат витамините А, Е, К, тиамин, ниацин, витамин Б6 и фолна киселина. Тие се богати и со минералните состојки: магнезиум, калциум и калиум. Благодарение на нивниот состав, маслинките позитивно влијаат врз здравјето. Затоа, не двоумете се да го пробате овој рецепт за вегетаријански плескавици од спанаќ и маслинки.

вегетаријански-плескавици

Состојки:

Подготовка:

  1. Маслинките исечкајте ги на коцки.
  2. Спанаќот, маслинките и јајцата ставете ги во длабок сад и добро измешајте ја смесата. Додадете лебни трошки, посолете и зачинете со црн пипер. Повторно измешајте ја смесата.
  3. Во тава ставете хартија за печење. Од смесата формирајте плескавици и ставете ги во тавата.
  4. Плескавиците печете ги во загреена рерна 250 степени за време од 10 минути. Потоа извадете ја тавата, превртете ги плескавиците и печете ги уште 5 минути. Подготвените вегетаријански плескавици послужете ги со доматен сос.

Сподели: