Селско тавче со печурки и кашкавал

Ова е еден од најубавите специјалитети кој традиционално се приготвува во Македонија. Познато е како селско тавче или селско месо, а се прави со кромид, свинско месо, свежи или маринирани шампињони, суви црвени пиперки и рендан кашкавал по желба.

За подготовката најдобро е да користите свежо свинско месо – удина кое и при пржењето ќе остане меко и сочно. Изборот на квалитетни состојки е клучен за совршено вкусно јадење, а кога сме кај свежото свинско месо ги препорачуваме Агриа.

селско тавче

Состојки:

  • 500 г свинско месо (удина)
  • 300 г печурки
  • 300 г кашкавал
  • 4-5 суви црвени пиперки
  • мешан сув зачин, ситно сечкан магдонос, црн пипер
  • 2 главици кромид
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Месото исечете го на парчиња. Пропржете го со малку масло во нелеплива тава од сите страни.
  2. Кромидот ситно исечкајте го. Шампињоните исечете ги на листови или четвртинки. Пиперките исечете ги на ленти со ширина од 1 см.
  3. Во поголема нелеплива тава ставете масло да се загрева. Во загреаното масло ставете го кромидот кратко да се пропржи, а потоа додајте ги печурките. Пропржете и додајте го сувите пиперки. Зеленчуците пржете ги додека испари течноста во тавата.
  4. Во тавата додајте го пропрженото месо. Добро измешајте и пропржете 2-3 минути. Зачинете со мешан зачин, мелен црн пипер и магдонос.
  5. Смесата ставете ја во земјена тава. Изрендајте кашкавал. Печете во загреана рерна на 200 степени додека кашкавалот се растопи и зарумени. Печеното селско месо оставете го кратко да се излади и послужете го додека е топло. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 9 кулинарски трикови за повкусно месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: