Рецепт за тирамису

Рецепт за тирамису

Вкусните ароматични сензации на кафе, какао, маскарпоне, го прават овој десерт, извонредно впечатив и неодолив за сетилата. Да пробаме и ние од превкусното и кремасто тирамису, повелете рецепт!

Тирамису е италијански десерт кој го освоил цел свет. Прв пат бил направен во Венето, Италија, во 60-тите години на дваесетиот век, а има тврдења дека неговото постоење било од поодамна, но не бил доволно познат пред тоа. Ова е десерт во кој се ужива, десерт кој усреќува и ве повикува на уште едно парче, секој нареден пат кога и да го пробате. На здравје!

Рецепт за тирамису

Состојки:

  • 45 плазма бисквити
  • 360 мл еспресо кафе
  • 1 мала лажичка рум или амарето
  • 450 гр маскарпоне
  • 5 јајца
  • 150 гр шеќер
  • какао во прав  за декорација

Подготовка:

  1. Одделете ги жолчките од белките. Жолчките ставете ги во длабок сад и изматете заедно со шеќерот, а белките изматете ги во посебен сад.
  2. Во садот со жолчки додете го маскарпоне сирењето.
  3. Со лажица додадете ги изматените белки и внимателно кратко измешајте ја смесата. Треба да добиете кремаста смеса.
  4. Во сад ставете го кафето и алкохолот. Секоја бисквита кратко потопете ја во кафетото и ставете ја во калап. Половина од бисквитите наредете ги во калапот.
  5. Над бисквитите ставете половина од смесата со маскарпоне сирење, а потоа наредете уште еден ред бисквити кои претходно сте ги натопиле со кафе. Врз нив, ставете го филот и посипете со какао.
  6. Тирамисуто ставете го во фрижидер и чувајте го најмалку четири часа пред служење.

Сподели: