Чоколаден колач со банани (куглоф) 1

Чоколаден колач со банани (куглоф)

Ви предлагаме да си приредите слатко чоколадно попладне! Направете го овој чоколаден колач со банани и почестете се со омиленото друштво!

Можете да го направите во калап, а по желба и да го испечите во тава. Нашата пријателка Лана, од блогот Kuhignica Mignone ни потврди дека е одличен, а ние знаеме дека ќе им се допадне на сите.

Чоколаден колач со банани (куглоф) 2

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 2 пасирани зрели банани
  • 2 јајца
  • 75 мл масло
  • 75 мл слатка павлака или млеко
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 1 лажичка какао
  • 1 полна лажица нутела.

За глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло
  • сечкани лешници за посипување.

Подготовка:

  1. Измешајте ги брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво.
  2. Бананите иситнете ги со помош на блендер или испасирајте ги со вилушка во мазно пире.
  3. Додајте го маслото, слатката павлака и благо изматените јајца, па сите состојки соединете ги со претходната смеса.
  4. На крај, измешајте го какаото и додајте ја лажицата нутела.
  5. Калапот (или тавата) премачкајте го со путер и посипете со брашно. Прво турете 2/3 од припремената смеса.
  6. Печете на 180 степени околу 40 минути и проверете со дрвена чепкалка дали е печен средишниот дел.
  7. Кога рабовите ќе се оддвојат од калапот, куглофот е готов. Почекајте неколку минути, а потоа внимателно свртете го врз рамна подлога.
  8. Кога куглофот ќе се излади потполно, прелијте го глазурата од чоколадо и посипете со сечкани ореви. За глазурата, на тивка температура растопете го чоколадото со малку масло и ќе добие убав сјај.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен чоколаден куглоф со портокал.

Сподели: