Зар има нешто повкусно од палачинки со Нутела крем? Има, палачинки со домашна Нутела. Неодоливиот чоколаден крем од лешници, сега може да го подготвите во домашни услови и да ги импресионирате вашите пријатели.
Тајниот рецепт за популарната Нутела го смислил Италијанецот Пието Фереро во 1942 година. До денеска се збогатувал со различни состојки. А ние ви предлагаме едноставен рецепт за домашна Нутела, без конзерванси и други адитиви.
Состојки:
- 1 чаша мелени лешници
- 1/8 чаша масло
- 1 чаша шеќер
- ¼ чаша какао
- ½ лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
- Во блендер ставете ги мелените лешници. Миксирајте ги добро, а потоа додајте го маслото. Повторно миксирајте ја смесата.
- Во блендерот додајте ги шеќерот, какаото и екстрактот од ванила. Миксирајте додека добиете убав крем. Подготвената домашна Нутела чувајте ја во фрижидер.