Ароматичен џем од круши 1

Ароматичен џем од круши

Основата на овој вкусен џем од круши е овошна, а зачините кои се додаваат во неговиот состав му даваат посебна арома. Не е како сите што сме ги јаделе, баш затоа вреди да се проба!

Според некои записи култивацијата на крушата датира од периодот пред 3000 години, а постојат претпоставки дека ова овошје луѓето го уживале уште во камено време. Историјата на крушата е долга и многу почитувана. Сочните, слатки и вкусни плодови на крушите, Хомер во Одисеја ги нарекувал “дар од боговите”, а Луј XIV ги сметал за симбол на луксуз. Постојат околу илјада сорти на круши кои се разликуваат по бојата, формата, големината, вкусот и должината на чување. Своето место помеѓу намирниците го добила поради повеќе заслуги. Крушата се смета за супер храна со изразени лековити својства за организмот, а повеќе за тоа може да прочитате тука.

Често знаеме да употребиме круши во корист на убавината, а една таква природна маска за лице која ќе ја освежи и нахрани вашата кожа, може да прочитате ако кликнете тука.

Ароматичен џем од круши 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Лимонот измијте го и сцедете го.
  2. Крушите измијте ги , излупете ги и исчистете ги од семките, а потоа ситно исечкајте ги и веднаш измешајте ги со сокот од лимон. Потоа сомелете ги или измиксајте ги да се претворат во хомогена смеса.
  3. Ѓ умбирот измијте го и исчистете го . Изрендајте го на ситни парченца, па додајте го кон пирето од круши.
  4. Додајте го шеќерот, како и стапчињата цимет и смесата турете ја во повисоко тенџере за да се вари.
  5. Варете со постојано мешање, додека се појави пена на површина.
  6. Отстранете ја пената и извадете го циметот.
  7. Готовиот џем од круши турете го во чисти и стеризилирани тегли, кои сеуште се топли. Затворете ги херметички и оставете ги да стојат наопаку (капакот да лежи на основата) околу 15 минути. Џемот чувајте го на ладно и темно место.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен компот од круши.

Сподели: