Ако сакате да го намалите холестеролот, телесната тежина или да го регулирате нивото на шеќер во крвта, консумирајте бамја. Бамјата претставува зеленчук кој има висока хранителна вредност, а тоа се должи на малиот број на калории, а голема застапеност на витамини, минерали и растителни влакна кои се значајни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.
Калориската вредност на бамјата изнесува 33 калории во 100 грама на зеленчук, што ја прави идеална храна за лицата кои што сакаат да ја намалат својата телесна маса или пак за сите кои што имаат квалитетен животен стил и внимаваат на начинот на исхрана. Во 100 грама бамја има 3,2 грама на растителни влакна, кои што го подобруваат варењето на храната, овозможуваат раст на корисните бактерии во цревата и превенираат појава на запек.
Од витамините во поголеми количини се застапени витамините Ц и К. Така, доколку изедете 100 грама бамја тогаш ќе задоволите 30% од дневните потреби на организмот со витамин К кој е значаен за правилна коагулација на крвта и е важен за зајакнување на коските и 28% од витамин С. Покрај тоа, во задоволителни количини се застапени витамините од Б групата и витаминот А. Присуството на витамини, минерали и фавоноиди, ја прават бамјата одличен извор на антиоксиданси, кои ги неутрализираат штетните радикали, го подобруват протокот на крвта, ги зацрвстуваат малите крвни садови, превенираат на појава на канцер на белите дробови и усната празнина.

Истражувањата покажале дека бамјата позитивно влијае за одржување на здравјето на мукозните мембрани, го стабилизира крвниот шеќер и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Благодарение на нејзниот состав, како прилог во оброкот бамијата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта, па затоа се препорачува да ја консумираат лицата кои страдаат од дијабетес.
Присуството на пектини влијае за намалувањето на холестеролот во крвта до 10%. Нејзината особина да го подобрува протокот на крв придонесува за подобро функционирање на мозокот, односно помага за подобра меморија.
Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и јадења.