,,Нешто традиционално од мојата кујна, но со нов шмек! Овој пат ви припремив супер брза и безглутенска проја со кашкавал и вкусот е одличен! Нема ниту малку бело брашно и изобилува со полн вкус кој ќе го запаметите!” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
,,Богата со хранливи состојки за уживање на сите членови од семејството. Моите најблиски ја обожаваат, а како препорака од нашето искуство, кога јадете, препорачувам да си набавите и јогурт, така е совршено!” – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:
- 200-250 грама свежа сечкана блитва
- 100 г кашкавал Кораб овчи премиум
- 300 г бело сирење
- 1 лажиче сол
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт
- 50 г путер, претходно стопен и изладен
- околу 1 -1.5 чаша пченкарно брашно (додавајте постепено)
- 1 ќесичка прашок за печиво.
Подготовка:
- Исчистете ја блитвата и измијте ја, па исечкајте ја поситно.
- Кашкавалот и сирењето изрендајте ги.
- Тава со големина бр 30. обложете ја со хартија за печење.
- Јајцата добро изматете ги со вилушка.
- Во садот со јајцата додајте ги јогуртот, путерот, солта и претходно припремените сирење, кашкавал и блитва. Промешајте со лажица.
- Додајте ги пченкарното брашно и печивото, па убаво измешајте.
- Смесата турете ја во претходно обложената тава со хартија за печење (со големина бр 30).
- Печете во загреана рерна на 180 степени, за време од 25-30 минути или додека зарумени одозгора, а од рабовите се одлепува. На здравје!
Совети плус:
- Блитвата можете да ја замените со спанаќ или зелје, зависно од сезоната.
- Може да додадете или ставите само изварка или да ја направите само со сирење.
- По желба, јајцата може да ги изматите и со миксер, додека се познава убава трага од маталките.

Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.