Додека пазарите изобилуваат со свеж спанаќ, искористете го моментот и направете ја оваа брза и лесна салата. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна. Оваа салата со компири и спанаќ зачинета со ладно цедено масло од семки од тиква е одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво и внимаваат на својата линија. Можете да ја послужите како гарнир со главното јадење или како засебен оборк.
А сигурно се прашувате зошто е добро ладно цеденото масло од семки од тиква? Ова масло има бројни полезности врз здравјето на човекот. Тиквините семки содржат висок процент на масло (до 50%), во кое доминираат есенцијалните масни киселини, кои човечкиот организам не може да ги произведе сам по себе. Исто така, семките од тиква се богати со витамините А, Б1, Б2, Ц, Д, Е и К, и минерали, особено фосфор и цинк.

Состојки:
- 1/2 кг компири
- 200 г спанаќ
- 1 црвен кромид
- 1/3 чаша говедски бујон (или зеленчуков)
- 2 до 3 лажици јаболков оцет
- 3 до 4 лажици ладно цедено масло од семки од тиква од Фила
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Компирите измијте ги и ставете ги да се варат во солена вода.
- Спанаќот убаво измијте го под млаз ладна вода, а потоа исечкајте го. Ставете го во подлабок сад.
- Кримидот излупете го, ситно исечкајте го и додајте го во садот со спанаќот.
- Сварените компири оставете ги кратко да се изладат, а потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки. Сечканите компири ставете ги во садот со кромидот и спанаќот. Додајте ги телешкиот бујон и јаболковиот оцет. Зачинете со сол и црн пипер по вкус и измешајте.
- Салатата сервирајте ја и прелијате ја со 3-4 лажици ладно цедено масло од семки од тиква. Декорирајте со свеж магдонос по желба и послужете. На здравје!

Совет плус:
- Во салатата може да користите млад или црвен кромид, зависно од сезоната.
Наша препорака:
За подготовка на овој рецепт ние го избравме ладно цеденото масло од семки од тиква на Фила. Ладно цеденото масло од семки од тиква е погодно и за солени и за слатки јадења. Се користи за подоготовка на супи и сосови и во некои австриски пекарски производи. Маслото од семки од тиква има богат, јаткаст вкус и многу добро се вклопува во разни преливи за салати и маринади. Може да се користи и како прелив преку варени оброци. Пожелно е ладно цедените масла да не се користат за термичка обработка на јадењата.
Ладно цеденото масло од семки од тиква сега може да го набавите со 10% попуст од поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила.

За сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.
Ви предлагаме да прочитате: Брза посна салата за слави.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан и инспириран од Фила.