Време е за супер брзи кифлички со јогурт и павлака! Спремни ли сте за нов рецепт? Меки и крцкави, а кога ќе каснете имаат полн вкус. Што е најважно не треба да сте многу вешти во кујната со тесто, па може да ги направи секој. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
А за најголемо уживање предлагам да ги послужите со чаша јогурт. Може да изберете Кораб и шарпланински природен јогурт или Фамилијарен јогурт од Млекара Тетово. Ако сѐ уште не сте ги пробале, сега е вистинското време за дегустација. – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:
- 250 мл млака вода
- 250 мл масло
- 125 мл Кораб кисела павлака
- 125 мл Кораб јогурт
- 3 лажички шеќер
- 1 полна лажичка сол
- 1 коцка квасец (или 2 ќесички сув квасец)
- 1 кг брашно и плус по потреба за домесување.
За премачкување:
- 1 јајце.
За посипување:
- сусам по желба.

Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги сите состојки, освен брашното. Откако квасецот ќе се стопи (ако е сув не мора да чекате да надојде) додајте го брашното и замесете тесто. Треба да се формира меко и мазно тесто.
- Замесеното тесто веднаш поделете го на 4 делови, не мора да се чека да нарасне. Од секој дел формирајте кора со тркалезна форма.
- Во зависност од желбата за големината на кифличките, корите се сечат на 8 или на 16 делови (триаголници).
- По желба, во кифличките ставете Кораб кравјо сирење од Млекара Тетово, ќе им даде уште пополн вкус.
- Формирајте кифлички и оставете ги да нараснат 10-15 минути.
- Откако ќе нараснат и се меки на допир, премачкајте ги со претходно изматено јајце и наросете ги со сусам по желба.
- Кифличките ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, 10-12 минути или додека добијат убава златна боја.
- Готовите кифлички извадете ги од рерна, попрскајте ги со вода и покријте ги со крпа. Оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!
Совети плус:
- Во зависност од големината на кифличките, печењето може да биде и во 2 плеха, обложени со хартија за печење.
- Од наведените состојки може да добиете 32 поголеми или 64 помали кифлички.
- Во состојките, вкупната количина на јогурт и павлака, може да ја замените со Кораб кисело млеко.

Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook:Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Брз леб со сода од 4 состојки.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.