Собери го семејство и изненади го со твоите кулинарски способности. Направи совршено печено свинско месо како вистински професионалец. А дали на скара или во рерна, изборот е твој!
Свинското месо е често застапено на трпезата кај нашиот народ и е одлично за секоја пригода. За празнична трпеза, за семеен ручек или богата вечера. Набави свежо и квалитетно парче месо и започни ја кулинарската авантура. А ако не знаеш што да избереш при набавката, прочитај неколку совети за купување на свинско месо тука.

Еве како да подготвите печено свинско месо со совршен вкус:
- Маринирајте го месото пред подготовка. Најдобро е месото да стои во маринада преку ноќ, но ако не сте во таква можност тогаш, оставете го во маринада барем 30 минути пред подготовката. Значително ќе се подобри вкусот и текстурата на месото.
- Гответе на соодветна температура. Различните парчиња месо се подготвуваат на различна температура. Колку време е потребно за подготовка на сочно свинско месо прочитајте тука.
- Користете капак или фолија за печење на месото. Печењето на месото со капак или фолијата му овозможува да остане сочно и меко одвнатре. За да добиете месо со убава румена боја и крцкава кора, извадете го капакот/фолијата 10-15 минути пред вадењето на месото од рерна.
- Пред печење, во тавата додајте ананас, јаболко или круша. Излупете го овошјето и наредете го врз местото. Овошните киселини ќе го омекнат месото и ќе го направат уште повкусно.
- За порамномерно печење, отстранете ја маснотијата по краевите. На тој начин, парчињата месо нема да се виткаат за време на печењето.
- Ако сакате да направите месо на скара, решетката премачкајте ја со масло пред печењето за да спречите лепење на месото.
- Месото за скара правилно исечете го. Совршена дебелина на парчињата месо за скара е од 1 до 1,5 см.
- Не го превртувајте месото со виљушка. Најдобро користете дрвен прибор за да спречите истекување на соковите од месото.
- Не ставајте голема количина на месо одеднаш. Оставете малку простор на решетката.
- За целосно уживање во совршено подготвена скара, потребно ви е квалитетното парче месо. За да ви помогнеме при изборот на свежо свинско месо го споделуваме нашето искуство. При набавката на намирници секогаш се трудиме да избираме македонски производи со потврден квалитет. Имаме проверена месарница од каде набавуваме месо, а тоа е Агриа. Месото е со постојан квалитет, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Посетете ги нивните продажни места ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Ако немаш време, а потребна ти е скара, Агриа се тука да ти помогнат. Во нивните месарници во Велес, може да нарачаш и готова скара од две локации: Гоце Делчев бр.28 (Кај судот во Велес), телефон за нарачка 072/212-966 и 043/223-323, и 3-та Кумановска ударна Бридага бр.22, Велес, телефон за нарачка: 071/217-563, 072/212-982 и 043/254-443.
Ви предлагаме да прочитате: Кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текст е поддржан од Агриа.